Голем љубовен хороскоп за јуни 2016-та
Вага
Ќе имате добро чувство за тоа како треба да се однесувате во емотивните ситуации, а така ќе привлечете хармоничен однос или нова љубовна романса. Во налетот на страсти и емоции, вашето внимание ќе го привлечат необичните средби од кои добро ќе успеете да ги препознаете емотивните сигнали од различни страни. Немате потреба да се задржувате на некои неостварени ситуации од вашето емотивно минато.. Важно е да ги одредите заедничките приоритети. Партнерот нема да може да одолее на вашиот шарм. Имајте на ум дека љубовта може да биде моќна сила, но емоциите треба да доаѓаат од двете страни. Ако сте слободни ви претстои нова љубовна романса која ќе ги задоволи вашите очекувања.
Среќни денови во љубовта: 2, 3, 4, 5, 6, 7, 10, 11, 12, 13, 14, 17, 18, 19, 21, 23, 24, 26, 27, 29 и 30 јуни.
Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Девица, Лав, Скорпија, Јарец, Стрелец, Риби и Близнаци.
Бидете внимателни на: 1, 8, 9, 15, 16, 20, 22, 25 и 28 јуни.
Избегнувајте конфликти со: Овен, Рак, Вага и Водолија.
Скорпија
Ќе ви се случи под налетот на силни емоции често да го промените своето расположение или одлуките. Не сакате некој да ве доведе во одредена позиција или да ви врши психолошки притисок, па затоа, важно е да ја избегнете покорната страна. Сепак, саканата личност ќе успева да корисни тајни начини како да ги оствари сопствените намени, што дополнително ќе ја поттикне вашата емотивна несигурност. Добрата волја, нежноста и емотивното внимание ќе ви претставуваат најдобар одговор во таквите ситуации. Важно е само да чувствувате задоволство од нечија близина. Имајте на ум дека љубовната романса треба да ја поттикнува искреноста, а без неа ја губи својата вредност.
Среќни денови во љубовта: 1, 3, 4, 7, 8, 9, 13 и 15, 17, 19, 22, 23, 25, 27, 29 и 30 јуни.
Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Рак, Бик, Лав, Вага, Скорпија, Јарец и Водолија.
Бидете внимателни на: 2, 5, 6, 10, 11, 12, 14, 16, 18, 20, 21, 24, 26 и 28 јуни.
Избегнувајте конфликти со: Близнаци, Девица, Риби, Овен и Стрелец.
Стрелец
Посакувате да го надминете немирот или емотивната криза, па се наоѓате пред нова одлука која сакате да ја соопштите на блиската личност. Можно е партнерот да изрази незадоволство и да се обиде да ве увери во некој поинаков начин на размислување. Привремено можеби е добро да поставите емотивна дистанца од саканата личност за да дојдете до добро решение. Во расветлувањето на љубовните дилеми, важно е да ја сочувате внатрешната енергија и одредена психолошка рамнотежа. Сè се решава по принципот на договор и заеднички емоции. Направите сè што е потребно за да ја сочувате емотивната среќа и личноста која ви значи. Ако сте млади и слободни честите љубовни средби ќе делуваат како замена за некои неостварени желби. Ве очекува добар љубовен епилог.
Среќни денови во љубовта: 1, 4, 6, 7, 8, 9, 12, 13, 14, 17, 18, 19, 22, 23, 25, 26, 28 и 30 јуни.
Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Овен, Близнаци, Лав, Вага, Стрелец, Водолија и Риби.
Бидете внимателни на: 2, 3, 5, 10, 11, 15, 16, 20, 21, 24, 27 и 29 јуни.
Избегнувајте конфликти со: Бик, Рак, Девица, Скорпија и Јарец.
Јарец
Чувствувате емоционални превирања така што, во зависност од ситуацијата ќе ги менувате своето расположение и одлуките. Сакате да ја надминете емотивната криза или недоразбирањата кои ги имате со саканата личност, но истите можете да ги надминете само со трпение и разбирање. Бидете умерени при изразувањето на емоциите. Важно е да го усреќите партнерот и да чувствувате взаемна наклоност. На доброто, со добро се враќа. Ако сте млади и слободни љубовните авантури ќе бидат краткорочни и ќе ви бидат замена за неисполнетите желби. Уживајте во љубовните предизвици, но бидете и искрени при изразувањето на емоциите.
Среќни денови во љубовта: 2, 4, 6, 7, 8, 12, 13, 15, 17, 18, 21, 22, 23, 24, 27 и 29 јуни.
Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Бик, Рак, Девица, Скорпија, Јарец и Риби.
Бидете внимателни на: 1, 3, 5, 9, 10, 11, 14, 16, 19, 20, 25, 26, 28 и 30 јуни.
Избегнувајте конфликти со: Овен, Близнаци, Лав, Вага, Стрелец и Водолија.
Водолија
Имате впечаток дека на вашата емоционална и психолошка сигурност најдобро делуваат добро испланираните или однапред подготвените ситуации. Сакате да се однесувате промислено во љубовниот живот и во односот кон саканата личност. Меѓутоа треба да бидете искрени и автентични и да го покажувате тоа што ви лежи на срце. Порано или подоцна, емоциите секогаш надвладуваат над разумот. Доколку постои добра можност, прифатете ја новата љубовна романса. Ако сте млади и слободни потенцирајте го вашиот шарм во мерка. Почитувајте ги туѓите емоции и ако не сте сигурни во сопствените, не ја залажувајте другата личност.
Среќни денови во љубовта: 2, 3, 4, 5, 7, 8, 10, 12, 13, 15, 17, 19, 21, 23, 24, 25, 28 и 30 јуни.
Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Овен, Бик, Рак, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец и Риби.
Бидете внимателни на: 1, 6, 9, 11, 14, 16, 18, 20, 22, 26, 27 и 29 јуни.
Избегнувајте конфликти со: Близнаци, Лав, Јарец и Водолија.
Риби
Во скалд со инспирацијата која ве следи ќе делувате магично, енергично, но и ќе имате многу барања за блиската личност. Ќе умеете да ги остварите сопствените љубовни намери и да се наметнете на еден шармантен начин. Вашиот љубовен стил и способноста да заведувате ќе бидат ефикасни ќе ви годат туѓите емоции и вниманието кое ќе го добивате. На личноста која ви се допаѓа јасно ќе ѝ дадете до знаење дека посакувате возбудлива љубовна романса и страсна врска. Во склад со темпераментот и емотивната среќа немате причина да се сомневате во тушите емоции.
Среќни денови во љубовта: 1, 3, 4, 5, 7, 8, 10, 11, 13, 14, 17, 18, 19, 21, 23, 25, 27, 28 и 30 јуни.
Пријатни средби и складни љубовни односи ве очекуваат со: Овен, Бик, Рак, Лав, Девица, Скорпија, Јарец и Риби.
Бидете внимателни на: 2, 6, 9, 12, 15, 16, 20, 22, 24, 26 и 29 јуни.
Избегнувајте конфликти со: Близнаци, Вага, Стрелец и Водолија.