Какви жени бара секој машки хороскопски знак? Овенот сака слаби, Јарецот бара постари
Вага
На моменти мажот Вага делува пофеминизиран од девојката, но тоа никогаш не смее да му го кажете ако сакате да биде среќен. Потребно е неговата избраничка да му се воодушевува на стилот и убавината. Неговата колекција парфеми ќе ја засени онаа на партнерката. Мажот Вага бара добро воспитана, грациозна и женствена партнерка со култура и манири. На него му е поважно да имате добар стил, отколку да знаете да готвите. Не го привлекуваат девојки кои изгледаат евтино, туку оние кои имаат мера во се. Кај неговата девојка мора се да биде складно и со совршени пропорции. Не обожава облини.
Скорпија
За мажот Скорпија да биде задоволен, треба да најде партнерка со бујна фантазија, подготвена за авантури, простување, но и секогаш заинтересирана за секс. На него му е потребна жена која ќе ги задоволи сите физички потреби. На моменти е љубоморен и посесивен, па затоа партнерката ќе мора да знае да одржи баланс и да премолчи. Тој тешко простува. Му се допаѓаат страствени девојки кои зрачат со енергија и сексапил. Харизмата му е поважна од облините и физичкиот изглед.
Стрелец
Него му е потребна партнерка која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која ќе може да си дозволи слобода. Љубоморните жени може да заборават на овој маж. Неговата партнерка никогаш не смее да проба да го контролира, затоа што така мажот Стрелец најлесно се оддалечува. Во суштина, него му е потребна партнерка која ќе биде во близина кога му треба, но ќе го остави на мира кога сака да биде сам. Го привлекуваат високи девојки со долги нозе, виткана и руса или светла коса.
Јарец
Потребна му е неверојатно трпелива партнерка. Тој тешко се одлучува за врска, а уште потешко за брак. Ако сепак реши да се ожени, тоа ќе биде со жена која само ќе се вклопи во неговиот животен план, а нема да го измени. Важно му е да му ги поддржувате амбициите и да имате разбирање за работите кои му се приоритетни. Мажот Јарец го привлекуваат слаби девојки, често постари, со темна коса или очи. Лесно ги забележува оние со малку погруби црти на лицето.
Водолија
Пред да ја одбере својата партнерка, мажот Водолија мора да ја знае како пријателка. Ќе ја ожени онаа која ќе се прилагоди на неговиот авантуристички дух и начин на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и ќе се сложува со неговите верувања. Ќе се смири само со партнерка која има широки и необични погледи на светот, а не некоја која ќе му пере и пегла. Водолијата нема некој одреден тип на девојка, него го привлекува насмевката и харизмата.
Риби
Потребна му е уметничка душа која ќе го разбере и со која секогаш ќе може да фантазира и да ги споделува идеите. Ако некоја девојка се обиде да го спушти на земја и да го врати во реалноста, автоматски отпаѓа од играта. Не сака песимисти и ладни личности. Потребна му е жена која ќе верува во него дури и кога сите останати ќе се сомневаат. Мажите Риби сакаат необични девојки кои носат нешто специфично и оригинално во себе. Колку и да звучи клише, душата му е поважна од телото.
М. Д. | Црнобело