Лавот сака внимание, Ракот е емотивен: Што треба да знаете за секој маж според хороскопот?

lavot-saka-vnimanie-rakot-e-emotiven-shto-treba-da-znaete-za-sekoj-maz-spored-horoskopot-002.jpg

Вага

Атлетски градени и со добри комуникациски вештини, машките Ваги се во многу аспекти одлични љубовни партнери. Имаат смисла за хумор, голем талент за шармирање и нивната енергичност никогаш не останува незабележана.

Една од нивните најдобри страни е способноста лесно да се кренат од пепелот и храбро да возвратат на ударите на животот дури и кога се наоѓаат во безизлезна ситуација.

Од друга страна, знаат да бидат површни и опседнати со самите себеси. Кај жените прво ја забележуваат физичката убавина, а дури потоа внатрешните особини.


Скорпија

Без оглед на физичкиот изглед, припадниците на овој знак многу лесно ги освојуваат жените. Имаат силна желба за позиција и контрола, а нивната таинствена природа никого нема да остави рамнодушен.

Парите, возбудливоста и општествениот статус се нешто кое лесно ги мотивира, но сепак спротивно на тоа можат да бидат крајно приврзани и доследни на своите морални вредности.

Тоа вклучува и верност кон партнерката која им се допаѓа. Гласините за незапирливиот сексуален апетит се сепак малку претерани. Овие луѓе едноставно уживаат во кревет, заедно со својата партнерка.


Стрелец

Стрелците се многу оптимистични и среќни, па секогаш ја гледаат позитивната страна во работите. Подеднакво се успешни и во својата кариера и во љубовните врски.

Како вечни деца, не се грижат за својот изглед, а нема да им пречи ни доколку партнерката го запостави својот. Речиси и да не знаат што значи љубомора и посесивност, а најмногу од сè ја ценат слободата и довербата.

Но, тоа истовремено е и нивна маана. Знаат да бидат наивни, па често имаат преголеми очекувања од другите. Со својата искреност честопати знаат дури да ги навредат соговорниците.


Јарец

Мајстори кога е во прашање деловната кариера, Јарците се интелигентни, успешни и упорни во своите планови. Вешти во заработувањето пари и остварувањето на контакти, природно се наметнуваат како лидери и лесно ги придобиваат другите на своја страна.

Иако се изненадувачки емотивни, многу тешко ги покажуваат своите чувства. Јарците во огромното море со риби лесно ќе ја забележат жената со која ја споделуваат истата амбициозност, истовремено плашејќи се дека таа би можела да ја загрози нивната економска ситуација.

Зависни се од контрола, заради што внимаваат на изгледот и однесувањето во друштво.


Водолија

Припадниците на овој знак се стабилни и силни, со нагласена промисленост и желба да допринесат во општеството.

Секогаш подготвени да ви излезат во пресрет и да сочувствуваат со вас, но сосема затворени кога се во прашање нивните емоции, што ги прави исклучително тешки за разбирање од страна на спротивниот пол.

Заради тоа често завршуваат со многу постари, поискусни жени кои имаат разбирање за нивните чести желби за мечтаење и тишина. Доколку живеат во средина без притисок, знаат да возвратат на покажаната љубов.


Риби

Најмоќната карактеристика на овие мажи е нивната вродена интуитивност, па можете да очекувате дека ќе ве разберат дури и кога сите останати хороскопски знаци ќе ви завртат грб.

Чувствителни се и бараат личност која ќе се спротивстави на сите проблеми со кои се соочуваат во животот. Помалку се заљубени во себе и очекуваат од жената да го направи првиот чекор во додворувањето.

Привлечни се, но и верни. Но, чувајте се од нивната склоност кон лажење и лицемерност. Поседуваат и силна доза на самодеструктивност, па водете сметка за нивната самодоверба. 

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да бидете посреќни и поуспешни во 2024-та, според хороскопскиот знак? Риби, во новата година пробајте да бидете поприземјени. Поставете си реалистични...
Хороскопски знаци кои во месец јули ги очекуваат животни пресврти Во месец јули, Биковите ќе бидат подготвени да преземат нешто поголемо, потешко ...
Една работа што сакате да ја правите, но не признавате, според хороскопскиот знак Девици, кога сте сами, сакате да ги проверувате туѓите профили на социјалните мр...
Кој е вашата скриена (и најголема) дарба, според хороскопскиот знак? Скорпии, навидум сте затворена личност која не открива многу, но вашата најголем...
Годишен хороскоп за 2024: Јарец За вас, 2024-та ќе биде година на многу можности, и тоа во секој аспект – кариер...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg