Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Гледање на кафе, камења или руни: Какви скриени таленти има секој хороскопски знак?

skrieni-sklonosti-na-horoskopskite-znaci-1.jpg

Вага

Нивните психички способности се поврзани со петте сетила. Ги привлекува музикотерапија и користење на ароматични масла во терапија. Исто така ги привлекува кинеската астрологија.


Скорпија

Се работи за знак кој е најмногу заинтересиран за окултизам. Внатрешната желба да се откријат чувствата ги наведува да ги истражуваат мистериите за животот и смртта.


Стрелец

Со оглед дека се заинтересирани за филозофија и религија во поширока смисла, тие се големи истражувачи. Стрелците имаат потреба да веруваат во натприродна сила. Ги привлекуваат научни факти, старите митови, древните религии...


Јарец

Јарците секогаш сакаат да знаат каде се наоѓаат. Сакаат факти, логика и немаат многу време за фантастични измислици. Премногу ги апсорбираат материјалните аспекти на животот. Нивниот владетел Сатурн владее со камењата, така што Јарците, кога би сакале би можеле да го развијат своето шесто сетило со гледање на камења или руни направени од камења. Можат да развијат и техника на гледање во кристална кугла.


Водолија

Љубопитни по природа, имаат силна желба да ги откријат тајните на универзумот и човекот, микрокосмосот и макрокосмосот. Предмет на интерес им се биоритамот, психо тестовите и самата парапсихологија.


Риби

Бурните и пророчките соништа и визии се дарба која Рибите ја поседуваат. Ги привлекува хроматотерапијата, рефлексологијата, како и терапија со цвеќиња и мириси. Одлични се во толкување на симболи во чаша или гледање во кристална кугла.

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една причина зошто (не) треба да се омажите за него, според неговиот хороскопски знак Јарци - Негативна страна им е што знаат да бидат исклучително тврдоглави, ќе сак...
Хороскоп за Денот на вљубените: Во каква состојба сте на љубовен план, според вашиот знак? Лав: Љубовниот живот во реалноста ќе ви биде поблескав од сé што се сервира на И...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...
4 хороскопски знаци на кои очајно им е потребен одмор Скорпии, можеби пробувате да се убедите дека не ви е потребен одмор, но и самите...
Една работа што сакате да ја правите, но не признавате, според хороскопскиот знак Девици, кога сте сами, сакате да ги проверувате туѓите профили на социјалните мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg