Среќа, раскинување или долгови: Што ве очекува во 2016-та според индискиот хороскоп?

sreka-raskinuvanje-ili-dolgovi-sto-ve-ocekuva-vo-2016-ta-spored-indiskiot-horoskop-02.jpg

Тула

Годинава ќе уживате во добри семејни односи. Ќе имате прилика да се подобрите и професионално. Ако пак сакате да ја промените професијата или работното место, 2016-та е добро време за тоа. Ве очекуваат доста патувања. Ослободете од долговите кои ве мачат долго време. Идиличната љубовна ситуација може само да биде променета од здравствени проблеми. Друго ништо нема да ви ја попречи љубовната идила. Неповолните здравствени прилики можете да ги спречите само со редовни контроли и здрава исхрана.


Вришчика

Семејните односи може да бидат влошени само ако се соочите со проблеми со пари. Ве советуваме да не скршнувате со погледот и да се задржите до важните работи. Во работата избегнувајте ги крупните планови и целите остварувајте ги чекор по чекор. Сите финансиски проблеми ќе можете да ги решите во првите 6 месеци од годината, кога ситуацијата ви е најповолна. Втората половина од годината пак, ќе ви донесе крај на љубовните проблеми, предизвикани од ситни недоразбирања. Претераната загриженост која ја криете од другите може да предизвика анксиозност. Бидете посебно внимателни ако патите од хронични болести.


Дануш

Во семејството оваа година ќе пронајдете инспирација за многу работи, како и огромна поддршка. Можете да очекувате негово проширување. И додека патувањата ќе ви се нудат на секој чекор, бидете внимателни кога правите големи работни одлуки и промени. Ова е добра година за финансиски напредок и работите кои досега ви беа недостапни. Искористете ги сите шанси да се зближите со партнерот, вклучувајќи ги и романтичните патувања. Љубовната идила може да ја запоставите кон средината на годината заради други интереси. Бидете внимателни околу тоа. Ви се препорачува поздрава исхрана и физичка активност.


Макара

Избегнувајте ги кавгите со блиските во семејството. Средината на годината ќе ви донесе позитивни промени на ова поле. Првата половина од годината нема да ви донесе среќа во работата, но затоа втората ќе ви донесе многу шанси за да ги поправите штетите и грешките. Може да ве мачат неочекувани трошоци и долгови, па затоа бидете претпазливи со финансиските одлуки. Добрите односи со авторитетите и колегите ќе ви донесат само успеси. Средината на годината исто така ќе ви донесе крај на љубовните маки. Ќе ве дочекаат страсни средби и романтични гестови. Стресот може да предизвика замор, па дури и да се јават стомачни проблеми. Бидете внимателни со здравјето.


Кумбха

Оваа година ќе ве дочека само среќа и задоволство во семејството, како и многу можности да патувате со блиските. Големите промени на работното место ќе ви ги зајакнат самодовербата и креативноста. Ќе се подобри и финансиската ситуација, па затоа не се плашете. Оние кои се занимаваат со истражувања исто така ги очекуваат успеси. Што се однесува до љубовта, оваа година е поволна за самците кои се во потрага по сродната душа. Љубовната среќа ќе ги следи и оние кои се во стабилни и долги врски. Доброто здравје може да ви биде нарушено само од стрес.


Мина

Среќата во семејството може да биде нарушена само од вашата загриженост и негативните прогнози, од кои треба да се ослободите пред средината на годината. Ако сакате да започнете нова работа или да го промените работното место, ова е поволна година. Во 2016-та ќе имате стабилни финансиски приходи. Почетокот на годината може да ви донесе само љубовни проблеми, кои ако останете смирени, ќе ги решите за многу кратко време. Преголемите работни обврски може негативно да се одразат на вашето здравје.  Обрнете поголемо внимание на исхраната и нејзиното варење.

Д. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Единствениот начин на кој секој хороскопски знак прифаќа раскинување на врска Близнаци - Близнаците се одлични дипломати, па ќе пробаат да преговараат со вас ...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете) Риби, сакате да мечтаете и да се „губите“ во вашите мисли, најмногу бидејќи ви е...
Една причина поради која секој хороскопски знак станува злобен кон вас во врската Девицата повеќе сака да е сингл отколку во врска со некој со кого не може да се ...
Финансиски хороскоп за ноември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат загуба? Риби - Почетокот на месецот ќе ви донесе стресни ситуации поради долг кој с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg