Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каков хумор има секој хороскопски знак: Близнаците сакаат секси шеги, а Водолиите црн хумор

Што преферирате – црн хумор или пристојни шеги на кои никој не останува рамнодушен? Вашиот хороскопски знак открива каков тип на хумор преферирате и како успевате да ја подобрите атмосферата во друштвото.

kakov-humor-ima-sekoj-horoskopski-znak-bliznacite-sakaat-seksi-shegi-a-vodoliite-crn-humor-001.jpeg

Проверете каков тип на хумор преферирате според вашиот хороскопски знак:

Овен

Ако сте еден од оние кои сакаат да се смеат до солзи, Овенот нема да ве разочара. Нивната форма на хумор е малку будалеста, па природно ќе ви доаѓа да се смеете. Сакаат да имитираат и не можат да се воздржат од смеење ако некој падне.


Бик

Специјалност на овој знак е да ги набљудува другите и да се шегува со нив, на основа на она што го забележува. Биковите обично се ненамерно духовити и чудни, па нивното размислување им доаѓа како освежување на луѓето кои се околу нив.


Близнаци

Припадниците на овој знак брзо размислуваат и подеднакво брзо реагираат, па лесно се надоврзуваат на хумористичните ситуации. Овој хороскопски знак сака шеги кои се поврзани со сексот, а знаат да се пошегуваат и на своја сметка, прикажувајќи се како будалести.


Рак

Раковите се мајстори за хумор на своја сметка иако се прилично чувствителни, немаат проблем со тоа другите да им се смеат. Ниту самите не се свесни колку се духовити, посебно со своите искрени и комични изрази на лицето кои откриваат што мислат.


Лав

Не може да се каже дека припадниците на овој знак не се духовити, но сепак нивната најсилна страна е надоврзување и реагирање на туѓите шеги. Лавовите се одлични во духовито претерување, пример, ако некој каже нешто смешно тие ќе го изобличат и ќе ги насмеат сите.


Девица

Припадниците на овој знак не се нешто посебно духовити, но сепак успеваат да ги насмеат луѓето околу нив со своето бесно расположение, немилосрдна анализа на другите луѓе и критика. Знаат да бидат токсични со јазикот, но она што го кажуваат е точно и смешно за другите.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На 29-ти јуни почна ретрограден Сатурн: Со какви проблеми ќе се соочи секој хороскопски знак? Близнаци, вашите емоции, вклучувајќи ги и негативните, ќе бидат поизразени и ќе ...
Една работа што треба да ја направите за повторно да се чувствувате живо, според хороскопскиот знак Бикови, вие сакате стабилност, но кога животот ви е монотон, мора да научите да ...
Хороскопски знаци на кои им треба време и многу лоши искуства за да сфатат каков партнер им треба Риби - Сакате да ја почувствувате искрата на љубовта, па иако ве боли да ги отфр...
Какво влијание ќе има секој ретрограден Меркур во 2025-та? Во 2025-та година Меркур ќе биде ретрограден трипати. На што треба особено да об...
Kaко ретроградната Венера ќе му го размрда љубовниот живот на секој хороскопски знак во 2025-та? Стрелци - Преиспитување на вашите романтични врски е на повидок. Ова е можност д...
Финансиски хороскоп за ноември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат загуба? Риби - Почетокот на месецот ќе ви донесе стресни ситуации поради долг кој с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg