Нумерологијата открива: Каков ден ве очекува?
Дали станавте на „лева нога“? Можеби сакате покачување на вашата плата? Ако посакувате да откриете каков ден ве очекува, тоа можете многу едноставно да го откриете со помош на нумерологијата.
Најпрво, треба да откриете кој е вашиот број. Како можете да го направите тоа?
Соберете ги сите цифри од датумот на последниот ваш роденден. На пример, ако сте родени на 16.04, а последниот роденден ви беше во 2015-та година, ги собирате сите броеви: 1+6+4+2+0+1+5 = 19. Крајниот број треба да биде едноцифрен, така што продолжувате со собирање 1+9 = 10, односно 1+0 = 1.
Значи, вашиот број е 1.
Како можете да одредите каков ќе биде вашиот ден?
На овој број го додавате датумот на денешниот ден, односно на денот кој ве интересира. На пример, 1+7+1+1+2+0+1+5 = 18, 1+8 = 9. Потоа ги собирате двете цифри, од денешниот ден и вашиот број: 9+1 = 10. И овој број треба да биде едноцифрен, па конечниот резултат е 1.
Откако ќе го одредите бројот, погледнете го толкувањето на следната страна...