Нумерологијата открива: Каков ден ве очекува?
1 – Ова е совршен ден да се изборите за она што го посакувате. Бројот 1 е број на нови почетоци.
2 – Ако зборот од датумот и вашиот број дава 2, тогаш тој ден ќе бидете отворени кон вашите емоции.
3 – Најпродуктивни ќе бидете на денот кој е одбележан со бројот 3. На тој ден секоја работа ќе ја завршувате со минимум напор, а успешно.
4 – Искористете го овој ден домот да го доведете во ред.
5 – Ако вообичаено се воздржувате да го изразите вашето мислење, денот кој е означен со бројот 5 е идеален за изразување и прекин на тишината.
6 – 6 е бројот на убавината, естетиката и сензуалноста, па денес посебно зрачите со сексапил. Не станува збор само за добриот изглед, туку за фактот што сте свесни за својата моќ.
7 – Во нумерологијата бројот 7 е број кој ги спојува небото и земјата. Затоа, на овој ден потребно ќе ви биде трпение за да напредувате со своите амбиции.
8 – Без разлика на тоа дали се посветувате на своето семејство или сте фокусирани на вашиот личен живот или професионален напредок, овој ден е идеален за воспоставување на рамнотежа.
9 – Ова е ден за трансформација во која ќе преиспитувате низ што сè сте минале низ претходните денови.