Најдобар хороскопски знак во кревет е...
Вага
Вагата е уметник кога се работи за сексот. Таа сака да биде во совршен однос со својот партнер, секој детаљ во опкружувањето да е на свое место и атмосферата да биде идеална. Вагите сакаат убава долна облека, масажи, етерични масла и тивка музика. Оние со кои ќе завршат во кревет делуваат како опиени.
Скорпија
Жешка и слободна, Скорпијата има најјако либидо во целиот Зодијак. Нивниот сексуален магнетизам тешко се игнорира. Во креветот се покажуваат како совршени љубовници, сакаат да се задоволат себеси и својот партнер, но често сексот им е единствено нешто што им треба од Вас, па после сексот Скорпијата оладува и може да се чувствувате искористено.
Стрелец
Стрелецот е мајстор за заведување и ужива во ловот на нови „жртви“. Тој постојано се усовршува во своите вештини на заведување и стремење кон објектот на своите желби. Дури кога целосно ќе го разоружа на сцена ги покажува своите способности во сексот. Ако сакате интензивна предигра, Стрелецот е идеален избор за Вас.
Јарец
Можеби делува воздржано, но кога е во креветот неочекувано се претвора во страстен љубовник. Му треба многу време за да го направи првиот чекор, трпелив е до граница на дрскост, но кога еднаш ќе стигнете до креветот, Јарецот ќе ви ја предаде целата енергија и ќе даде сè од себе за да ве задоволи. Со Јарецот само треба да бидете трпеливи и ќе бидете наградени.
Водолија
Ако сакате да експериментирате во сексот, со Водолијата совршено ќе се вклопите. Водолијата сака да смислува нови начини на кои може да се задоволи и себеси и партнерот и во тоа секогаш успева. Со Водолијата во кревет никогаш не може да ви биде досадно.
Риби
Слично како и Раковите и Рибите повеќе ќе ја ценат емоционалната страна на сексот. Страста, љубовта, вниманието и трпението - сето тоа е важно за Рибите. Но, во креветот ќе мора вие да го завршите поголемиот дел од работата. Рибите сакаат да бидат пасивни за време на сексуалниот чин и да уживаат во вниманието кое им го посветува партнерот.