Откријте какви сте во кујната според хороскопот
Вага
Вагата е знак кој владее со умереноста. Тие никогаш нема да претераат и нема да дозволат да го уништат својот изглед. Ако не изгледаат идеално, нема да ги убедите дека не се совршени. Сакаат да јадат, уживаат во храната, но не и да ја подготвуваат. Не им е особено задоволство да готват за себе, но кога подготвуваат за партнерот или некој гостин, тоа е веќе поинаку. Главно се одлучуваат за подготвување лесна салата и некој десерт. Кај Вагите многу зависи од расположението, па нивниот избор на храна зависи од даден момент. Генерално не се големи љубители на слатките.
Скорпија
Специјалитети и необични јадења кои се подготвуваат по специјални рецепти се како создадени за Скорпиите. Припадниците на овој знак, ваквите јадења со леснотија ги подготвуваат дури и по најкомплицираните рецепти. Ако се одлучат да подготвуваат месо, тоа најчесто ќе биде скара или риба. Кога се во прашање слатките, најчесто сакат да подготвуваат и да јадат едноставни колачи со ореви, лешници и темна чоколада.
Стрелец
Стрелецот консумира голема количина храна, а припадниците на овој знак никако не можат да се одлучат дали ќе претераат во здрава или во нездрава храна. Уживаат во јадењата на странските кујни. Ретки се оние припадници кои не сакаат да готват, главно уживаат подготвувајќи храна за цело друштво, а што и да замислат тоа може и да го направат.
Јарец
Ако ви се јаде некој традиционален домашен оброк најавете му се на некој Јарец – ќе ви подготви што и да посакате. Погача, пита, некое традиционално јадење, но и индиска храна. Јарецот ја подготвува храната полека и по малку неволно. Мора сè да биде како што треба, не брза никаде и не го пресолува јадењето. Сака дури и да го сподели рецептот кој ви го подготвил.
Водолија
Припадниците на овој знак можат да подготват сè толку брзо и добро што нема да верувате дека нешто е направено за толку кратко време. Сакаат да го испробаат секој нов рецепт кој некој им го препорачал, бидејќи тоа им претставува предизвик. Исто така сакаат да пробаат сè што ќе направи некој друг. Но, ако не сте подготвени за критика, немојте да ги прашувате за мислење. Водолиите без влакна на јазикот ќе ви кажат што мислат.
Риби
Рибите сакаат да готват, но повеќе сакаат да дегустираат. Ситни колачи, пудинг, шејк се како создадени за овој знак. Тие сакаат да јадат, но не премногу. Со добро јадење важно им е да пијат добро вино, како и изгледот на масата и атмосферата. Кога се Рибите во прашање сè е важно. Ако одите на вечера кај некоја Риба однесете вино. Ако Рибата доаѓа кај вас, подгответе некои морски плодови, но важно е и убаво да ја декорирате храната. Рибата на ништо нема да најде замерка, а и ако нешто не ѝ се допадне, нема да ви каже.