Хороскопот го открива љубовниот стил
Вага – Внимателен
Тие тежнеат да остварат совршена хармонија во врската. Ќе ве опсипуваат со внимание и ситни детали. Уживаат во секси долна облека, масла за масажа и тивка музика.
Скорпија – Мистериозен
На нивното сексуално умеење и магнетизам никој не останува рамнодушен. И додека сексот со припадник во знакот на Скорпија можеби ќе биде најдобар во вашиот живот, неколку минути подоцна тој може да стане многу студен и затворен.
Стрелец – Заводник
Мајстор на уметноста за заведување, Стрелецот знае сè за „ловот“. Ако станете негов плен ќе бидат доволни само неколку моменти за беспомошно да паднете во неговата прегратка.
Јарец – Комплициран
Јарецот може да биде многу комплициран љубовник. Потребно ви е многу трпение за да ги истрпите сите негови бубачки, но за тоа ќе бидете добро наградени.
Водолија – Перверзен
Припадниците во знакот на Водолија најверојатно под креветот чуваат полна кутија со секси играчки од сите видови. Ако не сакате да експериментирате тогаш тој не е вистинскиот за вас.
Риби – Верен
Страст, љубов и внимание, сето ова ќе го доживеете со љубовник во знакот на Риби. Верен е но и малку мрзлив па ќе мора да се потрудите за двајцата за да опстане врската.