Како да најдете духовен мир и да се справите со стресот, според хороскопот?
Вага
Тие се опуштени, романтични личности што често знаат да ги идеализираат луѓето и работите. Но, лоша страна им е тоа што се лековерни, без мерка и неодлучни.
За да најдат поголем душевен мир на овие луѓе им е неопходно да си направат листа со обврски за да го избегнат стресот којшто се јавува секојпат кога се чувствуваат под притисок.
Секојпат кога се соочуваат со неодлучност, добро е да научат да прават листа на „про“ и „контра“ последици, кои ќе им помогнат полесно да го направат изборот.
Музиката, сликањето, јогата се одлични активности кои ќе им помогнат да ги смират мислите и да се ослободат од вишокот енергија.
И најважно од сè е да научат да не се вознемируваат и да не се оптоваруваат со работи над кои немаат контрола.
Скорпија
Страсни, интуитивни личности, кои зрачат со магнетска привлечност. Негативни особености им се тоа што знаат да бидат љубоморни, опсесивни и полни со презир.
За да постигнат поголем душевен мир, неопходно е да најдат техники за смирување, кои ќе им помогнат да се справат со стресот: длабоко дишење и визуелизација.
Мора да научат да си дадат време за одмор секојпат кога чувствуваат дека се преоптоварени, а физичките активности во вода исто така може да им помогнат да го смират духот и телото.
Најважно е да научат да им простуваат на луѓето и да се ослободат од гневот што го носат во себе. Наместо да се фокусираат на ситници, добро би било понекогаш да се обидат да ја видат и големата слика.
Стрелец
Стрелците се искрени личности со добра смисла за хумор, кои имаат тенденција филозфски да го промислуваат животот. Маана им е тоа што понекогаш се заслепени од оптимизмот, неодговорни и постојано чувствуваат немир.
За да најдат поголем душевен мир, мора да најдат спортска активност што ги исполнува и им дозволува да се ослободат од вишокот енергија.
Наместо постојано да ги гледаат работите оптимистички, добро би било некогаш да се спуштат на земја и да ја согледаат реалната слика.
Мора да научат да се ослободат од оние работи во животот што прават да се чувствуваат заробени и да научат како да ги искажуваат емоциите, наместо да ги собираат во себе до точка на зовривање.
Јарец
Знаат да ги освојат сите со добрата смисла за хумор, со нивната практичност и дисциплина. Маана им е тоа што често знаат да креираат апокалиптични сценарија во главата, да го гледаат најлошото во секоја ситуација и да бидат песимисти.
За да постигнат поголем душевен мир, неопходно им е да се ослободат од токсичните луѓе и да се опкружат со позитивни личности.
Секогаш да се вреднуваат себеси и сопствените соништа и да се ставаат во прв план кога носат важни одлуки.
Кога се чувствуваат депримирано, активностите како таи чи и јога може многу да им помогнат за да си ги средат мислите.
Водолија
Водолиите се инвентивни, пријателски настроени личности со слободен дух. Маана им е тоа што често се непредвиливи, емотивно затворени личности и често се склони на расправии.
За да најдат поголем душевен мир, неопходно е да научат дека е во ред да отскокнуваат од средината и од другите луѓе и да си дадат право да бидат автентични.
Мора да научат дека тоа што ги споделуваат емоциите не ги прави слаби личности, туку им дава сила да се изборат со нив.
Најважно од сè е да сфатат дека се мошне индивидуални и дека нема потреба да се критикуваат себеси заради тоа.
Риби
Чувствителни, фантазери и личности полни со емпатија. Маана им е тоа што понекогаш се таинствени, имаат слаб караткер и речиси никогаш не се директни.
За да најдат поголем душевен мир, неопходно е да научат да не ја префрлаат вината на сè околу себе, туку да се справат со она што им предизвикува најголем стрес.
Да си дозволат себеси да залутаат во сопствената фантазија, но секогаш да имаат начин да се спуштат на земја и во реалноста.
Мора да научат да бидат поскептични во животот и да не дозволат да бидат жртви на манипулација.
Б. С. Б. | Црнобело