Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак?

kako-da-go-pokanite-na-ljuboven-sostanok-spored-negoviot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Вагите сакаат да одат на убави места за да се дотераат.

За да го поканите на состанок изберете место за коешто ќе треба да облече костум и да стави вратоврска и да се покаже пред околината дека има беспрекорен стил - на кино премиера, во театар, на изложба, модна ревија и слично.

Скорпија

Скорпиите сакаат мистериозни жени, а најлесниот начин да ги привлечете е ако глумите дека сте недостижни.

Затоа, давајте му мали сигнали, а потоа повлекувајте се. Кога ќе „се навлече“ на вас, поканете го на љубовен состанок.

Стрелец

Стрелците обожаваат авантури, сакаат да патуваат и да истражуваат нови места.

Па, ако не сакате да ве одбие кога ќе го поканите на љубовен состанок, кажете му дека ви треба друштво за да отидете до некоја блиска дестинација - а кога ќе тргнете на патување, „случајно“ спомнете дека ви се јаде или пие кафе...

Јарец

Јарците се амбициозни и не многу романтични.

Наместо со слатки зборови, ќе ги заведете ако им кажете дека не успевате да решите некој проблем и дека ви треба нивната помош - нема да ве одбијат, сигурно.

Водолија

Кога каните на состанок маж роден во знакот на Водолија, бидете кул во вашиот пристап. 

Не планирајте нешто романтично и интимно, туку активност поради која ќе се чувствува корисен.

Кажете му дека сакате да волонтирате во Црвен крст, на пример, или во засолниште за кучиња, па викнете го да ви се придружи.

Риби

Рибите сакаат романтика и спонтаност. Па наместо да планирате нешто со денови однапред, пратете му порака и прашајте го дали ќе сака да дојде на кафе и прошетка со вас во парк.

Ако нема никакви планови во моментот, нема да ве одбие.

А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Љубовен хороскоп за март 2025: Бикови - ќе запознаете личност која е совршена за вас, но е зафатена Близнаци: Личноста со која моментално го делите животот е многу вљубена во вас и...
Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg