Како да заспиете најбрзо, според хороскопскиот знак?
Скорпиите најбрзо заспиваат ако претходно имале секс. Ова не важи за сите, но некои се опуштаат до таа мера, што веднаш по сексот заспиваат.
Се мачите да заспиете секоја вечер? Или доволно ви е да ја спуштите главата на перница и да заспиете како бебе? Понекогаш може да користите и различни трикови за да заспиете побрзо.
Што прави секој хороскопски знак за да заспие полесно?
Овен
За да заспијат веднаш, Овните се трудат да потрошат што е можно повеќе енергија во текот на целиот ден - работата напорно, вежбаат, се шетаат, а сè за да бидат изморени пред да си легнат и да заспијат веднаш.
Бик
На Биковите им помага топол напиток, како чај или млеко, или пак да се истушираат со топла вода. Понекогаш сакаат и да се излежуваат во када полна со мирисливи масла, со кои ги опуштаат мускулите.
Близнаци
Звучи по малку чудно, но Близнаците најлесно заспиваат ако слушаат звуци во позадина. На нив не им пречат музика, луѓе кои разговараат или амбиентални звуци, напротив, ги опуштаат.
Рак
За да заспијат, на Раковите им треба потполна тишина и темница. Тие затвораат врата, ги спуштаат ролетните, го гасат интернетот, телефонот им е исклучен... Дури тогаш се опуштаат и заспиваат.
Лав
Пред да заспијат, Лавовите сакаат да се потсетат на денот што поминал, што направиле, што им донело задоволство... Дури откако ќе се присетат на поважните добри (и лоши) моменти од денот, можат да заспијат.
Девица
Пред да си легнат, Девиците сакаат да се излежуваат во кревет и да не прават ништо. А кога ќе се опуштат и релаксираат, дури потоа одат да спијат.