Финансиски хороскоп за февруари 2024 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите?
Вага
Некои Ваги ќе имаат деловна понуда со повеќе пари, па најверојатно ќе ја прифатат, дури и да не се воодушевени од другите услови.
Ова не е време за луксуз - трошоците сведете ги само на најосновните работи.
Некои Ваги ќе треба да вратат заостанат долг, а тоа може да влијае негативно на финансиската ситуација овој месец.
Скорпија
Ако имате приватен бизнис, подгответе се за нервози поврзани со финансиското работење.
Побарајте совет пред да потпишете некаков договор за кој верувате дека ќе ви ја реши ситуацијата.
Само мал број Скорпии месецов нема да имаат финансиски проблеми.
Стрелец
На почетокот на месецов ве очекува финансиска добивка, но внимавајте како ќе ги распоредите и потрошите парите.
Ова не e поволен период за финансиски вложувања, па ако добиете некаква понуда - одбијте ја.
Некои Стрелци ненадејно ќе добијат поголема сума пари.
Јарец
Ве мачат некои постари долгови и сакате да направите сè за да ги расчистите.
Некои Јарци размислуваат да земат помал кредит и на тој начин да ги исплатат старите долгови.
Подобар финансиски период ќе ве очекува од средината на следниот месец.
Водолија
На почетокот на февруари ќе го решите проблемот со некој стар долг и потоа ќе „ви падне“ камен од срцето.
До крајот на месецот можно е да имате и неочекуван прилив на средства, што дополнително ќе ве расположи.
Ако ви доцни платата, не се разочарувајте, позајмете пари од најблиските и вратете им ги по неколку дена.
Риби
Во првата половина на месецот ќе бидете незадоволни од финансиската ситуација, особено ако не добиете покачување на платата како што очекувавте.
Но, работите ќе се сменат во втората половина на февруари, кога некои Риби ќе имаат неочекувана добивка.
А, таа ќе биде толку голема, што ќе си купите нешто скапо, што одамна го посакувате, но немате пари за тоа.
А. Ј. | Црнобело