Како да си го подобрите менталното здравје до крајот на 2023-та, според хороскопскиот знак?

kako-da-si-go-podobrite-mentalnoto-zdravje-do-krajot-na-2023-ta-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Почнете да водите подобра грижа за себе.

По стресниот период, дозволете си да отидете во спа-центар, да си купите нешто убаво или да се разгалите на каков било начин.

Навистина е лесно да ја запоставите грижата за себе, а ова секогаш се одразува врз вашето ментално здравје.

Скорпија

Најдете начин да ги изразувате вашите емоции, без да бидете избувливи или деструктивни.

Имате премногу чувства, но обично настојувате да ги потиснувате, за на крај да „експлодирате“.

Немојте да ги криете емоциите, дури ни оние негативните и разговарајте за нив.

Стрелец

Пробајте да бидете смирени и научете да уживате во тишината.

Вие сте авантуристи и сметате дека треба постојано да сте во движење.

Иако ова е добро, тоа што немате време само за себе негативно се одразува врз вашето ментално здравје.

Па, одвреме-навреме одвојувате време само за себе.

Јарец

Ако сакате да си го подобрите менталното здравје, мора да научите да правите пауза.

И тоа не кратка пауза од час-два, туку вам ви е потребен барем еден викенд.

Тргнете се настрана од хаосот на секојдневието, избегнувајте ги социјалните мрежи и што било поврзано со вашата работа.

Некои обврски можат да почекаат кога е во прашање вашето ментално здравје.

Водолија

Опкружете се со луѓе пред кои не мора да го криете вашето вистинско лице.

Некогаш се чувствувате како да не можете да се поврзите со никој и ви се чини дека немате на кого да се потпрете во тешките моменти.

Одвојте време за саканите кои ви мислат добро и бидете поотворени пред нив.

Риби

Држете се настрана од луѓе и ситуации кои ви ја крадат енергијата.

Премногу сте емотивни и токсичните луѓе имаат особено лошо влијание врз вашето ментално здравје.

Во ред е што сакате да им помогнете на сите, но не заборавајте, пред сè, да си помогнете себеси.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg