Како секој хороскопски знак (суптилно) ќе ви покаже дека се заљубува во вас?
Вага
Вагите постојано ќе ви кажуваат дека им се допаѓате, дури и да не им верувате и да мислите дека се шегуваат со вас.
Тие не знаат како да молчат кога некој им се допаѓа и воопшто не се дискретни, напротив, сакаат сите околу нив да знаат дека се заљубени.
Скорпија
Кога Скорпијата почнува да се заљубува, тогаш поставува многу прашања, па ќе имате чувство дека сте под полициска истрага, а не на љубовен состанок.
Но, Скорпијата ќе направи сè за да ви даде до знаење дека е заинтересирана за вас.
Стрелец
Кога почнува да се заљубува, Стрелецот почнува да ја покажува својата смисла за хумор, која и не му е многу силна страна.
Но, со досетки и смеа (дури и на своја сметка) ќе се обиде да ви покаже дека му се допаѓате.
Јарец
Јарците се премногу зафатени за да играат игри, па затоа директно ќе ви кажат дека им се допаѓате.
А ако решат да бидат посуптилни, ќе изберат скап ресторан за состанок или ќе купат билети за најдобрите седишта во кино/на концерт.
Водолија
Водолиите долго ќе молчат, нема да флертуваат, ќе ви се приближуваат „другарски“ и кога најмалку очекувате, ќе ви кажат дека се заљубиле во вас.
А ако „паднете“ на нив, тие ќе престанат да ги кријат чувствата од вас, и уште подобро - ќе ве прифатат со сите ваши мани.
Риби
Ако навистина им се допаѓате на Рибите, тие ќе ви ги раскажат своите соништа.
Овие луѓе се познати по тоа што многу тешко се отвораат, дури и пред најблиските, па споделувањето интимни соништа е најдобриот начин за да ви покажат дека им значите.
A. J. | Црнобело