Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска?
Вага
Вашата искреност и желбата постојано да сте заљубени и среќни, се всушност најголемите пречки за вашата врска.
Никој не може да биде вљубен со истиот интензитет на почетокот на врската и како што минува времето.
А ако партнерот не ја дели вашата страст, тогаш си заминувате.
Скорпија
Постојано мислите на секс, ако не со партнерот, тогаш со некој што е во ваша близина.
Скорпиите се познати по тоа што изневеруваат и не се каат за тоа.
Нив им е само важно да имаат некој покрај себе (или на страна) кој ќе биде тука секојпат кога ќе почувствуваат сексуален нагон.
Стрелец
Познати по својата смисла за хумор, Стрелците сакаат сите да се смеат на нивните шеги.
Но, кога тие шеги стануваат „застарени“ и веќе не му се забавни на партнерот, Стрелците почнуваат да се ладат.
И решаваат да си најдат нов партнер.
Јарец
Јарците се слаткоречиви и знаат како да ги освојат сите со своите зборови.
Но, лесно се „ладат“ ако партнерот не им возвраќа на истиот начин.
Затоа, на Јарците мора во секое време да им делите комплименти.
Водолија
Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов.
Тие често мислат на партнерот „кој им избегал“ и по кој страдаат.
Затоа, во секој следен ќе го бараат него, а со тоа и свесно ќе си ја уништат врската.
Риби
Иако се таинствени, Рибите многу лесно се отвораат пред луѓето во кои се заљубуваат.
Откриваат сè, дури и детали кои не би смееле.
Нивната преголема транспарентност, но и очекувањата партнерот да им врати во истата мера само им ја уништува врската.
А. Ј. | Црнобело