Доаѓа ретроградниот Марс, кој со себе носи хаос – Кои 4 хороскопски знаци ќе ја завршат годината неславно?
Скорпија
Ретроградниот Марс ќе ви влијае мошне силно, па кон крајот на годината ќе се чувствувате несвојствено. Тоа ќе биде период во кој ќе посакувате поголема интимност, а истовремено и ќе се плашите да го постигнете тоа.
Со оглед на тоа што Марс ќе се движи низ вашата осма куќа, која го означува сето она што вие лично го поседувате, можно е да почнете да се чувствувате посесивни повеќе од вообичаено или да почнете повеќе да размислувате за емотивните ограничувања што си ги поставувате себе или на партнерот.
Ако, сфатите дека не сте го добиле тоа што го сакате, може да почнете да го посакувате уште позасилено и да им се предадете на страстите без многу размислување.
На крајот ќе сфатите дека ништо не може да ве скрши и дека самите сте посилни од сѐ што се случува околу вас.
Стрелец
Ако со некого сте имале спротивставени ставови и сте чувствувале одбивност, во периодот кога Марс ќе биде ретрограден, тоа може да премине во период на отворено ривалство, затоа што планетата ќе се движи низ вашата седма куќа на сојузници и непријатели.
Ако сте вклучени во брак или сериозна романтична врска, овој период ќе ве научи како подобро да се справите со сопствениот гнев и агресија на конструктивен начин, без да бидете деструктивни.
Ќе има периоди во коишто ќе ви се чини дека работите ви бегаат надвор од контрола, но до крајот на периодот ќе научите како да здивнете и да изброите до 10 пред да преземете сериозни чекори водени од гневот.
Ќе станете свесни дека е многу полесно тешките разговори да ги водите на смирен начин, без да дозволите емоциите да ви ја замаглат перспективата и да ве наведат да донесете избрзани проценки.
Ова ќе биде период во кој добро ќе научите како да ги решавате сите проблеми поврзани со комуникацијата и односот со другите луѓе.
Б. С. Б. | Црнобело