Доаѓа ретроградниот Марс, кој со себе носи хаос – Кои 4 хороскопски знаци ќе ја завршат годината неславно?
Овен - Можни се бурни расправии кои нема да донесат решение за ништо. Кои други хороскопски знаци треба да бидат особено внимателни?
Ретроградниот Марс се јавува на секои 26 месеци и трае околу 72 дена и меѓу астролозите важи дека станува збор за најисцрпувачкиот период затоа што може да се чувствувате како комплетно да сте загубиле мотивација и елан за сѐ.
Марс е планетата која владее со енергијата и виталноста што ја поседуваме, па оттука ова е период во кој голем дел од нас ќе се чувствуваат безволно и уморно.
Сепак, убавината на овој период е во тоа што ни се нуди можност да застанеме и малку подобро да размислиме за сопственото его и за тоа што можеме да научиме од неуспесите.
Во општеството кое бара од нас да бидеме активни 24 часа 7 дена во неделата, може да ни се чини како да сме испратени на принуден одмор, но и ова е период што ќе ни донесе важни поуки.
Марс ќе почне да се движи ретроградно на 30-ти октомври, а тој период ќе трае до 12-ти јануари, така што можно е многумина од нас да го почувствуваат овој неповолен аспект на планетите кон крајот на годината и почетокот на следната година.
Кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најпогодени?
Овен
Со оглед на тоа што владетел на Овенот е Марс, луѓето родени во овој знак најсилно ќе го чувствуваат негативното влијание од ретроградното движење на планетата.
Во овој период, на Овните ќе им недостасува инспирација и стимулација за да ги завршат секојдневните обврски, а можно е да чувствуваат дека ништо не може да ги задоволи нивните интелектуални потреби.
Со оглед на тоа што во овој период Марс ќе се најде во куќата на комуникациите, можни се бурни расправии кои нема да донесат решение за ништо.
Се препорачува да останете смирени, да внимавате добро што зборувате и да не се впуштате во бурни дискусии што може да ви донесат повеќе стрес од вообичаено.
Сепак, до крајот на ретроградниот Марс ќе научите како подобро да ги контролирате емоциите и како да ги искажете без да влегувате во непотребни конфликти.
Близнаци
Со оглед на тоа што ретроградното движење ќе започне во знакот Близнаци, и претставниците на овој хороскопски знак ќе го почувствуваат силното негативно влијание на планетата.
Позиционираноста на ретроградниот Марс во вашата прва куќа, укажува дека овој период ќе ви одржи добра лекција за тоа како се поставувате во околината и како полесно да се справите со сопствената гордост.
Иако ќе имате потреба да се наметнете во средината, наоѓањето начини за да го направите тоа ќе биде отежнато.
Но, погледнете од светлата страна. Ако подолго време се трудите да се справите со сопствените внатрешни немири и прикриениот гнев ова ќе биде вистински период за да се справите со нив и да кажете сѐ што ви лежи на срце.
Ретроградниот Марс ќе ве научи како да се ослободите од насобраниот гнев на креативен начин и ќе ви овозможи да станете посилна личност заради тоа, без да западнете во самодеструктивност, како што често знаете да направите.