5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво
Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми и најважно им е парфемот да ја пренесува страста што ја носат во себе и магнетски да делува врз другите.
Кои хороскопски знаци се опседнати со тоа да мирисаат убаво? Кои знаци минуваат часови и часови во бирање на вистинскиот парфем, што ќе биде одраз на нивниот карактер?
Дали и вие сте меѓу нив?
Рак
На нив приоритет им е грижата за себе и обожаваат убави парфеми, често и со цветни ноти.
Најмногу им се допаѓаат мирисите од природата, а пилинг на тело прават буквално со сè – од талог од кафе, па до сол.
Сакаат околу нив со помош на мирисот да се шири аура на смиреност и да се во хармонија со природата.
Скорпија
Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми и тоа уште од најрана возраст.
Како возрасни личности веќе веруваат дека мораат да имаат уникатен мирис за емоционалното искуство на другите луѓе во нивна близина да биде незаборавно.
Најважно им е парфемот да ја пренесува страста што ја носат во себе и магнетски да делува врз другите.
Бик
Тие сакаат да остават впечаток на софистицираност. Сакаат романтични мирисни ноти, како што е лавандата или јасминот на пример.
Обрнуваат внимание и на најситните детали, па не би дозволиле лош мирис да ја уништи сликата за нив.
Важно им е парфемот кој го имаат на себе за нив да остави впечаток како за уникатна и специјална личност.