Како ќе влијае ретроградниот Меркур, кој трае до 15 септември, на секој хороскопски знак?
Вага
Не преземајте ризици на работа и не прифаќајте да работите на повеќе проекти одеднаш, бидејќи само ќе се сплеткате и ќе правите грешки.
Обрнете повеќе внимание на вашето здравје.
Скорпија
Некој стар пријател ќе се обиде повторно да се поврзе со вас.
Ова ќе влијае позитивно на вас и вашето расположение и ќе ве исполни со носталгија.
Стрелец
Иако се надевавте на унапредување на работа или покачување на платата, тоа нема да се случи овој период.
Овој ретрограден Меркур влијае неповолно на вашата кариера, па пред 15 септември нема да можете да напредувате.
Јарец
Веќе подолго време сакате да реализирате некоја идеја, па ќе се трудите со сите сили да го направите тоа во овој период.
Иако ретроградниот Меркур ви е наклонет, ако немате поддршка од околината, не инсистирајте по секоја цена.
Водолија
Интуицијата ќе ви биде на највисоко ниво, а вие ќе се водите од неа во секоја ситуација.
Па ако почувствувате дека ви претстои некаква непријатност – тргнете се на време.
По 15 септември работите ќе бидат подобри за сите.
Риби
Во текот на ретрограден Меркур можно е да имате проблеми во врската – со партнерот или пријателите.
Ќе бидете несигурни во себе и нема да знаете во кој правец ќе сакате да одите.
Но, не донесувајте избрзани одлуки, работите ќе ви станат појасни по 15 септември.
А. Ј. | Црнобело