Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак?
Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интереси. Дали се сложувате?
Сите имаме пријатели што нè нервираат. А сигурно и ние ги нервираме нив. Некои се прегласни, други тврдоглави, трети сакаат светот да се врти околу нив.
И покрај тоа, ги прифаќаме и продолжуваме да се дружиме.
Астролозите велат дека некои луѓе едноставно не можат да се сменат и дека нивниот карактер многу зависи и од хороскопскиот знак.
Кои се карактеристиките што ги поседува секој хороскопски знак, а со кои ги нервира пријателите?
Овен
Овните се лојални пријатели, но и родени лидери, па затоа сакаат сите во нивно друштво да ги следат.
Опседнати се со себе и импулсивни се, а ретко признаваат и дека направиле грешка.
Бик
Иако можете да се потпрете на Биковите, тие често ќе го осудат вашето однесување.
Тврдоглави се и нема да признаат дека згрешиле, дури и кога ќе ве повредат.
Посесивни се дури и со пријателите и не им е гајле ако ја забележите нивната љубомора.
Близнаци
Тие се едни од најгордите хороскопски знаци, секогаш бараат нешто ново и затоа ќе ви биде забавно во нивно друштво.
Но, тие се и површни и спремни се со часови да зборуваат само за себе и своите интереси.
Немојте да се изненадите ако вашиот успех си го препишат на себе.
Рак
Раковите се лојални, ќе ве ислушаат кога имате проблем и ќе ви помогнат кога ќе ви биде тешко.
Но, понекогаш знаат и да претераат со грижата, до толку што ќе имате чувство дека ве гушат.
Сакаат и вие да се грижите за нив со истата страст, но тоа нема да ви го кажат никогаш гласно – напротив, ќе чекаат да сфатите самите.
Лав
Лавовите имаат огромно его и сакаат да ги контролираат луѓето околу себе.
Сакаат да се на пиедесталот и очекуваат постојано да им делите комплименти или да им го посветувате целото свое внимание.
Девица
Девиците сакаат да знаат сè и секогаш имаат мислење за некоја тема, дури и кога никој тоа не го бара од нив.
Ретко се спонтани и сакаат да се држат до точен распоред и план на активности.
Тие немаат проблем да го прекинат пријателството ако работите не се по нивно.