Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак?

so-shto-gi-nervirate-prijatelite-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Иако се познати како одлични дипломати кои знаат да ја смират секоја ситуација, тие се самобендисани и површни.

Имаат високи очекувања од сите, особено од најблиските. Ако не им одите по ќеф, лесно се лутат.

Скорпија

Скорпиите се познати по тоа што не им веруваат на луѓето и секогаш се сомневаат дека дури и најблиските ќе им забијат нож во грб.

Скептични се и не го кријат тоа. Ако се посомневаат дека сте ги изневериле, ќе најдат начин да ве изманипулираат и да ве убедат да им кажете.

Сакаат да ги контролираат пријателствата.

Стрелец

Овие луѓе се со слободен дух, па затоа ретко се поврзуваат со пријателите.

Секогаш ќе ви кажат на глас што мислат и нема да се каат дури и ако ве повредат.

Никогаш нема да се правдаат за работите што ќе ви ги кажат, бидејќи веруваат силно во своето мислење.

И често нема да имаат време за вас, бидејќи имаат други приоритети.

Јарец

Горди се и независни, па секогаш се ставаат себеси пред пријателите.

Дури и кога сте многу блиски, тие секогаш ќе сакаат да се постават себеси како авторитет.

Не прифаќаат туѓо мислење, па залудно е да се карате со нив, нема да попуштат. Што и да кажат или направат – сметаат дека се во право и нема да се правдаат пред никого.

Водолија

Иако не се лоши пријатели, Водолиите се често тврдоглави.

Бунтовни се и тоа понекогаш може да ги оддалечи од пријателите.

Никогаш нема да ве тераат да направите нешто што не сакате, но сепак може да ви се налутат, а вие никогаш да не дознаете зошто.

Риби

Рибите се најпасивниот хороскопски знак, но сепак имаат агресивна страна.

Секогаш ги набљудуваат пријателите за да ги откријат нивните слабости. Нема да ги искористат против вас, освен ако не морaaт.

Емотивни се, но нема да ви кажат што ги мачи – ќе молчат и ако не откриете самите што им е, ќе ви се налутат.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg