4 емоционално најинтелигентни знаци во хороскопот
Рак
Раковите имаат тенденција да им се препуштат на емоциите во секоја ситуација, па ова ги прави емоционално најинтелигентни знаци во хороскопот.
Но, тоа не значи дека не знаат да направат разлика помеѓу она што е добро и лошо.
Поседуваат силна интуиција која ги насочува во вистински правец.
Не се плашат отворено да зборуваат или да ги покажат своите чувства.
Сакаат да им помагаат на другите кога имаат проблем, колку и да е тој голем и комплициран.
Лесно создаваат емоционални врски со луѓето и затоа се омилени во друштво, но и како партнери.
Водолија
И покрај нивната репутација дека се емоционално недостапни и студени, Водолиите се едни од емоционално најинтелигентните знаци.
И покрај тоа што имаат силни емоции, тие повеќе сакаат да ги кријат наместо да ги покажат.
Имаат свој сопствен начин да ги решаваат проблемите, кој можеби околината не го разбира.
Сепак, ако ви треба помош или пријател - можете да ги побарате во секое време.
А. Ј. | Црнобело