Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите?

Вага

Месецов не дозволувајте да ве вознемируваат некои деловни проблеми кои се заостанати од минатиот период.

Во првата половина на јули фокусирајте се на себе и своите моќности, а по 19-ти јули ве очекуваат позитивни промени и можност за добивка – покачување на платата или бонус за добро завршената работа.

Скорпија

По 10-ти јули ве очекуваат значителни подобрувања на финансиски план.

Ќе добиете нова можност за деловна соработка, професионален развој и вложување во себе и своето знаење.

Ова ќе ви донесе повеќе пари на долгорочен план.

Затоа не ја одбивајте понудата што ќе дојде неочекувано.

Стрелец

Од 17-ти јули ве очекуваат позитивни промени на деловен план и можност за финансиска добивка.

Избегнувајте натпреварувачка атмосфера или ривалство со соработниците – тоа само може да ве дефокусира од зацртаната цел.

Пред крај на месецот некои Стрелци ќе имаат неочекуван прилив на пари.

finansiski-horoskop-za-juli-2023-koj-znak-kje-se-zbogati-a-koj-kje-ima-problemi-so-parite-03.jpg

Јарец

Ова ќе биде променлив месец за вас на финансиски план.

Можна е мала финансиска криза во првата седмица од месецот.

Важно е да ги завршите сите поголеми обврски до 24-ти јули, ако сакате да напредувате во кариерата, но и мирно да ги поминете август и септември.

Водолија

За некои Водолии ова ќе биде одличен месец, бидејќи конечно ќе ги почувствувате позитивните резултати од вашата напорна работа.

Ако некој ви должи пари, време е да си ги побарате назад.

По 23-ти јули важно е да решите некои имотни или статусни прашања.

Риби

Ако сакате да бидете добри на работа, месецов побарајте совет или поддршка од колегите.

По успешно завршената работа, очекувајте финансиска награда.

Крајот на месецот е одличен на финансиски план, па ако сакате да купите недвижнина или нешто поголемо – сега е вистинско време за тоа.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Финансиски хороскоп за март 2025: Кои знаци ќе загубат пари, а кои ќе се збогатат? Риби - Ако работите со странство, или имате семејство кое живее надвор од н...
Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите... Вага - Ако размислувате за нова работа и повеќе пари, почекајте до следниот...
Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците Риби - Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во...
Хороскоп за Денот на вљубените: Во каква состојба сте на љубовен план, според вашиот знак? Лав: Љубовниот живот во реалноста ќе ви биде поблескав од сé што се сервира на И...
Финансиски хороскоп за февруари 2025: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе загубат пари? Стрелец - Овој месец ќе ви донесе голем финансиски стрес, но по проблемите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg