Најмрачните карактеристики на секој хороскопски знак

Вага

Вагите се нерешителни, површни и зависат многу од другите.

Повремено сакаат да се наметнат и да покажат дека можат сами сè.

Но ако не успеат и почнат да чувствуваат немоќ стануваат неподносливи – почнуваат да им се вртат црни мисли и размислуваат како да напакостат некому.

Скорпија

Повлечени се, љубоморни и злопамтила.

Ако сте им згрешиле нешто, дури и да поминале 10 години, тие ќе го запомнат тоа и ќе бараат начин да ви се одмаздат.

Стрелец

Немарни се, неодговорни и бесчувствителни за потребите на другите.

Секогаш се ставаат самите на пиедестал и не прават компромиси скоро за ништо.

Се водат од мотото: „Или ќе биде по мое, или никако“.

najloshite-karakteristiki-na-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Јарец

Јарците се тврдоглави и не простуваат дури ни мали грешки.

Поради ова се најнеомилените личности.

Имаат малку пријатели бидејќи повеќе сакаат да се сами и во право, отколку со луѓе што некогаш ги изневериле.

Водолија

Затворени се и како да губат допир со реалноста.

Имаат темперамент кој тешко може да го контролираат и сакаат нивниот збор да е секогаш последен.

Риби

Рибите се ирационални и критички настроени.

Дури и кога ќе ви кажат некој добар збор, ќе се запрашате која е заднината на нивната добрина.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg