На Биковите пари, на Водолиите авантури: Што му носи младата месечина на секој хороскопски знак?

Младата месечина во астрологијата се врзува со новите почетоци, па така ова е период кога имате можност да свртите нова страница и да се фокусирате на оние аспекти од животот во коишто би сакале да постигнете поголеми успеси. Според астролозите, влијанието на младата месечина ќе почне на 18-ти јуни, а ќе се чувствува до 20-ти јуни.

na-bikovite-povekje-pari-na-vodoliite-avanturi-shto-mu-nosi-mladata-mesechina-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Иако теориски, моментот на млада месечина трае многу кратко, односно само неколку мигови кога Сонцето и Месечината се во иста линија на небото и природниот сателит на Земјата накратко не се гледа, според астролозите влијанието од неа трае околу 3 дена.

Според нив, влијанието на младата месечина ќе почне на 18-ти јуни, а ќе се чувствува до 20-ти јуни.

Воедно ова е период кога треба да се сконцентрирате на одредени аспекти во животот со цел да постигнете поголем успех во наредните шест месеци.

Оваа млада месечина е особено важна според светските астролози затоа што ни доаѓа во знакот на интелектуалните Близнаци, кои се познати по својата комуникативност, енергичност и променливост.

Како младата Месечина ќе влијае на секој од хороскопските знаци:

Овен

Младата месечина ќе има особено влијание во вашето поле на комуникации што значи дека ќе ви донесе моменти што ќе ги поминете во дружење и ќе се истакнете со сопствената енергичност и интелект.

Ќе имате можност со помош на пријателите да почнете да учите нешто ново, да стекнете некоја вештина што ќе ви помогне да ја збогатите професионалната биографија или ќе ви донесе поголема заработка.

Исто така, ова ќе биде одличен период да ја освоите личноста што долго време ви се допаѓа, а на која не сте имале храброст да ѝ пријдете.

Бик

Позитивната енергија на младата месечина во Близнаци ќе има влијание врз финансиите, па можно е да добиете понуда за да се вклучите во нови проекти што ќе ви донесат поголема заработка.

Со оглед на тоа што ќе бидете полни со енергија и мотивирани, добро би било пред секоја одлука да здивнете и да си дадете време за размислување.

Благодарение на позитивното влијание на планетите, ова ќе биде период кога добро ќе размислите кои треба да ви бидат следните чекори за да ги остварите своите долгорочни планови.

Близнаци

Со оглед на тоа што младата Месечина е во знакот на Близнаци, тоа значи дека на луѓето родени во овој знак сѐ ќе им оди од рака.

Полни сте со енергија и мотивирани, а имате повеќе креативни идеи од вообичаено и верувате дека сега навистина можете да ја предвидите иднината и знаете што треба да направите за да стасате дотаму.

Сега е време сите идеи да ги запишете, да разговарате за нив и да ги осмислите, а благодарение на зголемената самодоверба тие би можеле да станат реалност.

Рак

Позитивното влијание од младата месечина уште повеќе ќе ја нагласи вашата духовност, па периодов можно е да имате живописни соништа, а интуицијата да ви биде поизразена од вообичаено.

Срцето ќе ве води кон следните чекори што треба да ги преземете за да забележите поголеми успеси во наредните шест месеци, и нема да погрешите.

Со други зборови, ова ќе биде период кога ќе можете да се ослободите од напорните размислувања и одлуки. Ќе имате можност вистински да се одморите и да ѝ дозволите на интуицијата да ве води, затоа што ѕвездите овојпат навистина се на ваша страна.

Лав

Ќе имате средби со голем број на пријатели, соработници, колеги, роднини... Во периодот на младата месечина ќе имате потреба постојано да бидете во контакт со другите луѓе, да ве видат и да чувствувате дека имате влијание врз нив.

Полни сте со енергија и чувствувате дека не можете да седите во место, па ова може да биде период кога ќе се обидете да ја освоите личноста што долго време ви се допаѓа, а најдобро би било да се фокусирате на остварување контакти и пријателства што би можеле да ви користат на поле кариера и на интелектуален план.

Девица

Младата месечина кај вас ќе има позитивно влијание на поле кариера и ова е период кога треба добро да размислите што сакате да постигнете на професионален план.

Ќе бидете сконцентрирани целосно на имиџот и ќе имате милион идеи за тоа како да го поправите.

Иако ви се чини дека најважно ви е да направите дополнување на професионалната биографија и уредување на профилите на социјалните мрежи, сепак добро е да поработите на себеси и да увидите што треба да промените за да ги остварите замислените планови за во иднина.

Доколку подолго време во себеси потиснувате голем број емоции, ќе биде добро да одлучите да поразговарате за тоа со стручно лице.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg