Од 17-ти јуни почнува ретроградниот Сатурн - Како ќе влијае на секој хороскопски знак?
Вага
Ќе продолжите со вашите животни рутини како и претходно, бидејќи ретроградниот Сатурн на никаков начин нема да влијае на вашето расположение или навики.
Сепак, не си поставувајте нереални цели и намалете ги вашите очекувања од луѓето што ве окружуваат за да не се разочарате.
Скорпија
Со доаѓањето на ретроградниот Сатурн вие ќе „процветате“ – сè што ве држеше во место ќе исчезне, а вие ќе тргнете напред и ќе почнете да ги остварувате зацртаните цели.
Како нешто да ја блокираше вашата креативност, но од 17 јуни очекувајте тоа да се смени, а вие да успеете на секое поле – кариера, семејство, љубов.
Стрелец
Ретроградниот Сатурн ќе влијае на вашата 4-та куќа, која ги опфаќа семејството и домот.
Ќе треба да преземете поголема одговорност, иако во вашата природа е да сакате да сте слободни, опуштени и без обврски.
Размислете за тоа кои се вашите приоритети.
Јарец
Од 17 јуни ќе мора да смените нешто во вашиот живот, без оглед на тоа дали се работи за кариерата, љубовта или семејните врски.
Ако имате големи идеи и соништа, сега е време да си ги исполните.
Мислите што ве блокираа и не ви дозволуваа да покажете што умеете, конечно ќе исчезнат, а вие ќе имате поголема верба во себе.
Водолија
На прво место во следните неколку месеци ќе ви бидат парите, бидејќи ретроградниот Сатурн ќе влијае на вашата финансиска ситуација.
Сега е добар период да преземете деловен ризик, кој најверојатно ќе ви се исплати и ќе ви донесе добивка до крајот на годината.
Риби
Ретроградниот Меркур е во вашата 1-ва куќа, која се фокусира на личниот идентитет и индивидуалноста.
Ќе сакате да се ослободите од мислите што ве мачат, па некои Риби може да побараат дури и професионална помош.
Фокусирајте се на себе и позитивните мисли.
А. Ј. | Црнобело