Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите?
Вага
Јуни не е поволен месец на финансиски план за Вагите.
Затоа не преземајте ризици, не вложувајте пари и не купувајте нешто големо што не ви треба.
Работете ја својата работа и задоволете се со платата што ја имате.
Подобар финансиски период ве очекува од септември 2023.
Скорпија
Овој месец ќе биде стабилен на финансиски план, но само ако парите ги трошите рационално.
Некој може да ви понуди ризична инвестиција или да ви побара пари на заем.
Одбијте ги со некое логично објаснување зошто не можете да ја прифатите нивната понуда.
Стрелец
Парите овој месец можете да ги вложите во летување.
Со партнерот или пријателите испланирајте патување и уплатете ги парите уште во првата половина од месецот.
Во втората половина на јуни ве очекуваат големи промени на финансиски план.
Според астролозите, едни Стрелци ќе остварат добивка, а други загуба – а сето тоа најмногу зависи од подзнакот во кој сте родени.
Јарец
Овој месец некои Јарци конечно ќе бидат наградени на работа.
Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната работа изминатиот период.
Искористете ги парите за некое мало вложување дома – купете нешто што ви е неопходно, а за кое досега немавте доволно пари.
Водолија
Јуни ќе биде добар на финансиски план. Можна е неочекувана добивка, од игри на среќа (ако играте) или некој да ви ги врати парите што сте му ги позајмиле.
Не трошете пари на работи што не ви се неопходни.
Пробајте да заштедите, па затоа овој месец фокусирајте се само на основните потреби.
Риби
На работа ќе имате мали проблеми и ако се покаже дека тоа е по ваша вина, можно е да бидете казнети од платата.
Затоа работете внимателно..
Од друга страна, сега е поволен период да уплатите летување или да купите некаква помала недвижнина.
А. Ј. | Црнобело