Финансиски хороскоп за мај 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите?

finansiski-horoskop-za-maj-2023-koj-znak-kje-se-zbogati-a-koj-kje-ima-problemi-so-parite-02.jpg

Вага

Вагите ќе имаат подеми и падови на финансиски план.

Голема заработка, но и големи трошоци, поради што ќе се нервирате.

Не се откажувајте од тоа што го работите, бидејќи од средината на месецот ве очекува поголем профит.

Ова ќе ве расположи, па ќе се вложите повеќе и во работата, бидејќи знаете дека ќе бидете наградени за трудот.

Скорпија

Поради одредени пропусти и грешки на работа, можно е да бидете финансиски казнети.

Внимавајте да не правите грешки кои може да влијаат и на вашата заработка, но и на заработката на компанијата.

Можно е некој да ви понуди нова работа, но тоа не е препорачливо овој период, дури и да ви понудат поголема плата.

Стрелец

Овој месец некои Стрелци ќе бидат унапредени на работа, а тоа ќе им донесе и повеќе пари.

Ако добиете понуда да работите нешто во странство или поврзано со странска компанија – прифатете ја.

Парите што ќе ги заработите ќе го подобрат вашиот семеен буџет.

Јарец

Јарците нема да заработат премногу во мај, но нема да имаат ни загуба.

Некои Јарци може да добијат можност за деловно патување во странство по 15-ти мај – ако имате свој бизнис, прифатете ја понудата бидејќи ќе влијае позитивно на вашата финансиска ситуација.

Но, пред крај на месецот ќе имате високи трошоци кои нема да можете да ги одложите.

Водолија

На почетокот на месецот ќе добиете интересна можност за промена во кариерата, а тоа ќе ви донесе и зголемен приход.

По 15-ти мај работите може да станат малку потешки, бидејќи ќе имате непредвидени трошоци кои нема да можете да ги избегнете.

Не потпишувајте никакви договори поврзани со големи финансиски вложувања.

Риби

Рибите ќе имаат голем притисок на работа и големи финансиски очекувања, но резултатите ќе изостанат.

Почетокот на месецот може да биде стресен, бидејќи ќе имате трошоци или финансиска загуба (ако имате свој бизнис).

Финансиите ќе бидат во ред, но трошоците ќе бидат многу високи што ќе ви предизвика нервоза.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Лав - Овој месец ќе имате доволно пари за удобен живот, но не и за луксузирање. ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите... Вага - Ако размислувате за нова работа и повеќе пари, почекајте до следниот...
Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците Риби - Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg