Квиз: Жена го предизвикува сопругот со сложена загатка – ќе ја решите ли вие?
Кога жена ќе одлучи да го „казнува“ и предизвикува сопругот со загатки, сигурно нема да се помине лесно - би успеале ли вие да ја решите загатката за да стигнете до ручекот?
Ве предизвикуваме да го помачите умот и да се разбудите од зимскиот сон, време е да се вратите во форма.
Оваа загатка ќе ве натера да го ставите мозокот на „турбо“ и да ја вклучите логиката.
Жената била лута на мажот и за да го „казни“ решила да му направи загатка за да го пронајде ручекот кој го зготвила.
Му напишала пораки на фрижидерот, микробрановата, машината и рерната.
Претходно оставила уште една порака во кујна на која пишува: „Ако сакаш да јадеш, ручекот е во кујна, но мора да одгатнеш каде. Само една порака ја кажува вистината. Ако не погодиш, ќе останеш гладен“.
Вака гласат другите 4 пораки:
На фрижидерот: „Ручекот е во рерната или во машината“
На машината: „Ручекот е во фрижидерот или во микробрановата“
Во микробрановата: „Ручекот не е тука“
Во рерната: „Ручекот е тука“
М. М. | Црнобело