Загатка со тројца другари, чоколади и многу математика
Помогни им на тројца нестрпливи другари да откријат колку од омилените чоколади ги чекаат во кутијата...
фото: depositphotos.com
Не постои човек кој не сака чоколадо, а самоуверено можеме да кажеме и дека речиси никој не може да сопре после првата коцка.
Поради тоа, тројца другари, Александар, Марко и Јане се одлучиле да се прошетаат до најблиската продавница и да купат неколку чоколади.
Меѓутоа, никако не можеле да се договорат со каков вкус да земат, па затоа направиле микс.
Продавачката им кажала дека во кутијата има вкупно 50 чоколади, а тие прифатиле да ги купат сите.
Од нив, 30 имаат лешник, 25 имаат кокос, а 10 се и со лешник и со кокос, додека останатите не се полнети.
Прашање:
Колку парчиња чоколадо ќе има за секој од тројцата другари, ако знаеме дека Марко сака со лешници, Александар со кокос, а Јанко празно чоколадо?