Загатка која не им е проблем на децата, но со која возрасните ќе се помачат
Оваа интересна загатка за деца е објавена поодамна, но сè уште може да се најде на интернет како забавна активност за тренирање на мозокот.
Таа ја тестира концентрацијата и вештината на забележување кај многумина коишто сакаат загатки. Иако изгледа лесно, сепак не секој може да одговори точно на сите прашања.
Сакате ли да знаете колку добро забележувате работи?
Погледнете внимателно во сликата и одговорете на следните прашања:
1. Кое годишно време е на сликата?
2. Кој месец е?
3. Дали момчето оди на училиште или е на распуст?
4. Има ли вода во станот?
5. Кој живее во станот, покрај таткото и неговиот син, коишто ги гледате на сликата?
6. Што е таткото по професија?
Обрнете внимание на секоја ситница којашто може да ви помогне да дојдете до одговорите. Успешното решавање на оваа загатка зависи од тоа колку добро забележувате работи.