Едноставна загатка: Дали мажот го лаже полицаецот?
Оваа загатка ќе ја решите ако внимавате на деталите. Ставете се за миг во улога на детектив и проценете ја ситуацијата.
Маж отишол во полициска станица и кажал дека е ограбен.
Полицаецот му рекол да се обиде да објасни што се случило.
Мажот раскажал: „Излегов од банката со актовка во која носев 10.000 евра. Одненадеж, маж, кој носеше црна облека, маска и ракавици ме нападна, ми ја грабна актовката и истрча.“
Полицаецот забележал свежа исекотина на лицето на мажот и го прашал дали му е од нападот.
Мажот одговорил: „Да, напаѓачот имаше сребрен прстен на левата рака.“
Полицаецот веднаш знаел дека мажот лаже.
Прашање:
Како полицаецот заклучил дека мажот не ја кажува вистината?