Загатка која стана вирална сензација: Која бонбона ќе ја одберете?

zagatka-koja-stana-viralna-senzacija-koja-bonbona-kje-ja-odberete-3.jpg

Што мислите дали е сеедно која бонбона ќе ја одберете? Одговорот е дека е важно која бонбона ќе ја одберете.

Кога првпат ја одбравте зелената бонбона постоеше 1/3 шанса дека е безбедна за јадење и 2/3 шанса дека е отровна.

Кога човекот отстрани една бонбона, не ви кажа многу информации за бонбоната која ја одбравте, зелената бонбона која остана во вашите раце сè уште има можност да биде 1/3 безбедна.

Со отстранувањето на сината бонбона тој ви кажува многу за црвената бонбона. Практично како да ви кажа дека ако безбедната бонбона е сè уште на дрвото, тогаш тоа е црвената бонбона, затоа што ја отстрани сината бонбона.

Односно, ако сте одбрале отровна бонбона – што има 2/3 шанса да е така – тогаш менувањето на изборот ќе ве спаси. Ако сте ја одбрале безбедната бонбона – што има шанса 1/3, тогаш заменувањето ќе ве убие.

Пресметката можете да ја направите и поинаку. Од 300 избори, само 100 ако ја доберете зелената бонбона можете да се спасите, а 200 пати ако ја одберете црвената бонбона.

Истото важи и ако стави 1.000 бонбони на дрвото и сите од нив имаат одредена бројка како назнака на нив.

Овојпат ја одбирате бонбоната под број 267 и ја држите во рака. На дрвото остануваат останатите 999 бонбони. Сега, откако ја држите бонбоната 267 во рака, човекот отстранува 998 бонбони и повторно на дрвото останува само една бонбона, онаа под број 749.

Бонбоната под број 267 има 1/1.000 шанса да биде безбедна. Нема ништо посебно околу неа. Од друга страна пак, бонбоната под број 749 има поголеми шанси да е безбедна затоа што го издржала тестот на бирање од човекот.

Истото важи и во првиот случај со трите бонбони. Црвената бонбона е таа која била „тестирана“ и останала на масата. Токму неа сакате да ја одберете.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Низ која врата ќе поминете безбедно? Иако на прво гледање зад сите врати се крие по нешто опасно низ една од нив може...
Логичка загатка: Колку пари добила мачката? Патката добила 900 денари, пајакот добил 3600 денари... Дали можете да откриете ...
Трик прашање за умни глави: Како издржал човекот? Дали вашиот мозок секогаш има за сè решение? Дали така ќе биде и со ова трик пра...
Загатка за деца што ќе ве замисли: За колку време ќе се сетите на одговорот? Оваа загатка е наменета за деца, но веруваме дека и голем број возрасни ќе се по...
Логичка загатка: Колку нозе има на подот? Дали размислувате логично и „надвор од кутијата“ или логиката не ви е силна стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg