Загатка која стана вирална сензација: Која бонбона ќе ја одберете?
Замислете дека шетате низ некоја магична земја кога еден ден стигнувате до сливово дрво. Возбудени веднаш зграбувате една слива, но само што го земате првиот залак, се појавува човек.
Разлутениот човек ви вели: „Украде една од моите сливи“.
Се обидувате да му ја вратите и му објаснувате дека сте немале намера да украдете од него, туку едноставно дека сте ги виделе сливите и многу ви се допаднале.
„Тоа не го исклучува фактот дека се обиде да украдеш од мене“ – вели човекот.
„Казната за крадење сливи во оваа земја е смрт“ – додава.
Потоа ве носи до едно пресечено дрво и на него реди три бонбони – зелена, црвена и сина. Седнува на едната страна и вели:
„Добри вести. Постои начин како сам да си ја пресудиш или да ја избегнеш смртната казна. Две од овие бонбони се отровни и ако пробаш една од нив, умираш за 30 секунди.
Но, една од бонбоните нема да ти наштети. Ако ја одбереш таа бонбона, слободен си“.
Во рака ја земате зелената бонбона.
Пред да ја ставите во уста, човекот ве сопира и ви вели: „Почекај малку, постои една традиција која ја правиме за секого. Држи ја бонбоната која ја одбра. Знам кои бои се отровни, а која не, ќе одберам една отровна. Можам да ти кажам дека сината бонбона со сигурност е отровна“.
Ја зема сината бонбона и на дрвото останува само црвената бонбона.
„Сега е време да одбереш и изедеш бонбона и уште нешто, дозволуваме да се предомислиш ако сакаш и да ја одбереш другата бонбона“ – заклучува човекот.
Која бонбона ќе ја одберете?
За одговорот преминете на следната страна...