Загатка: Два коња за двајца синови - чив ќе биде имотот?
Еден татко имал два сина и многу мал имот, а секој од синовите поседувал по еден коњ.
На својата смртна постела таткото им се обратил на синовите и им рекол:
„Синови мои, јас наскоро ќе си заминам од овој свет па треба да се договориме кој ќе го добие моето наследство. Овој имот што го имам премал е за да се подели, а целиот имот решив да го дадам на оној кој има најбавен коњ. Така се одлучив, бидејќи оној кој има најбрз коњ не треба да добие ништо и онака неговиот коњ може да заработи доволно за него“.
За таа цел требало да се натпреваруваат и да видат чиј кон е побавен. Соседот дал знак да тргнат, но ниту еден од двајцата синови не сакал да тргне, бидејќи сакале да покажат дека коњите им се бавни.
Токму затоа, по совет отишле кај селскиот мудрец. Мудрецот откако ги сослушал им дал совет како да ја почнат и да ја завршат трката, не менувајќи го правилото дека оној кој ќе биде најбрз нема да добие ништо.
Дали можете да претпоставите што им посоветувал мудрецот?
Погледнете го советот на следната страна...