Halloween предизвик: Имате 1 минута да ја најдете ѕвездата помеѓу тиквите
Иако кај нас не се слави, Ноќта на вештерките е празник кој се одбележува на 31 октомври во многу земји низ светот.
Кај нас не постои традиција на славење на овој ден, но сепак постојат забави со таква тема на кои возрасните или децата се маскираат.
Денот е поврзан со црна и портокалова боја, страшни приказни, маскирање, резбани тикви, а карактеристичен симбол се фенерите од тиква.
По тој повод, денес ве предизвикуваме да го размрдате умот, односно моќта на запазување детали.
Новата загатка на Dudolf се прошири вирално, а на илустрацијата има многу фенери од тиква помеѓу кои се крие една ѕвезда.
Нема да ви биде воопшто лесно да ја најдете, а ние ви даваме 1 минута за да го решите предизвикот.
Погледнете ја добро илустрацијата - ќе успеете ли?