Патка или зајак - 124 години стара илузија ги бранува социјалните мрежи
Токму така, на сликата треба да забележите две животни - зајак и патка.
Можеби станува збор за стара илузија, но истата сè уште претставува добар пример преку кој можете да откриете како функционира вашиот мозок.
Истражувачите велат дека креативните луѓе можат многу побрзо и поедноставно да ги забележат двете животни.
Односно колку бргу можете да менувате вашиот ум да ја забележува патката или да го забележува зајакот е знак на тоа колку сте креативни.
Покрај тоа, што попрво ќе забележите исто така зависи и од моменталната ситуација во која се наоѓате.
Така, децата во Америка за време на Велигден многу побрзо го забележуваат зајакот, а за време на Денот на благодарноста ја забележуваат патката.
Денес, оваа илузија повторно ги бранува социјалните мрежи - некои се изненадени, некои се фрустрираат, а некои ја исмеваат сликата.
Н. Г. | Црнобело