Што прво видовте на сликата? – тест со детална анализа на карактерот
Езеро и шума
Вие имате нагласена потреба да го истражувате светот околу себе, но првенствено за да ги задоволите личните потреби. Дури кога ќе ги остварите своите цели и ќе ги задоволите своите широки апетити, тогаш и другите ќе можат да бидат задоволни.
Уживањето, радоста и среќата ги споделувате со другите, но за возврат очекувате некое посебно задоволство, признание или „награда“. Многу сте упорни во своите намери и скоро секогаш наоѓате начин или оправдување да ги остварите вашите цели.
Доколку сте разочарани, тажни или повредени, наоѓате начин брзо да ја компензирате загубата и да ја потиснете вашата слабост. Искуствата на вас делуваат многу поучно, но понекогаш заради скриената слабост можете да попуштите пред новиот предизвик.
Во суштина вие сте многу посилни од она што се претставувате пред другите. Сепак, другите ви се потребни за да сопрете во критичниот момент. Имате склоност кон различни сублимации.
Сино небо
Вие знаете да го свртите вниманието или да оставите впечаток уште на прв поглед, преку необичниот начин на однесување и оригиналноста. Ве привлекуваат несекојдневни ситуации, понекогаш сакате да ги прекршите правилата или поставените граници.
Несвесно се управувате по принципот: Кога вам ви е добро – добро им е и на другите, кога вам ви е лошо – на другите им е уште полошо. Поседувате огромна енергија, но не е лесно да се контролира таа снага што осцилира.
Позитивноста создава можности за радост, уживање и среќа, но внатрешниот импулс за промена е посилен од потребата да се смирите.
Кога сте разочарани, тажни или повредени, правите сè што е потребно да ја елиминирате таа непријатност. Учите од сопствените грешки и умеете да ја предимензионирате стварноста и светот околу себе. Прекинувањето, одрекувањето и казнувањето е цената што ја плаќате или наплаќате за различни пропусти.
Во суштина вие сте послаби од она што се претставувате пред другите. Вашата најголема слабост е тоа што не умеете да сопрете во критичниот момент. Имате склоност кон најразлични опсесии.
Планета
Кај вас е нагласена големата имагинација и емотивност, но токму таа длабока емотивност е истовремено ваша најсилна и најслаба страна. Доколку својата енергија ја насочувате кон афирмација и задоволство, доколку ве следи хармоничен однос со останатите - вие сте бескраен извор на радост.
Но, доколку преживувате разочарувања, болка и патење, тогаш се оддалечувате од останатите и станувате склони кон (само) казнување. Без оглед на тоа колку делувате зависни од останатите, вие длабоко во себе тежнеете кон комплетен развој на личноста и задоволување на личните потреби за совршенство.
Во суштина вие сте посилни од она што се претставувате пред другите. Имате одличен инстинкт за самоодржување, можете да претчувствувате опасност и кога ќе се најдете во непријатна ситуација- тоа е затоа што самите сте барале нов предизвик, искуство или нешто невозможно.
Вие умеете да се сопрете во критичниот момент, но ако сакате можете да ги сопрете и другите. Имате нагласена склоност кон големи фантазии.
Жена
За вас најголемите животни предизвици се кријат во другите луѓе и во односот со нив, нивните постапки, однесување и делување. Ве движи голема страст, импулс којшто се заснова на осетливост, чувство, допир, хедонизам, уживање.
Без оглед на тоа колку делувате силно во основа вие не можете без другите. Тежнеете кон екстреми, дозволувате другите да ве усреќат, но и да ве разочараат и повредат. За вас факторот искуство нема важно влијание, склони сте кон повторување на истите грешки во нови или слични ситуации, како и со нови личности.
Понекогаш одите по тенката линија помеѓу радоста и тагата, среќата и несреќата, нагонот за создавање и уништување… како и во игрите без граници, вам ви е важно да се движите и да одите понатаму низ животот.
Во суштина вие сте послаби од она што се претставувате пред другите. Понекогаш не умеете да се сопрете во критичниот момент. Имате нагласена склоност кон фиксации.
(О)Милена | Црнобело