Што видовте прво? - Тест кој ќе ја открие вашата моментална психичка состојба
Доколку прво ја забележавте пештерата…
Многу тешко некој може да се исфрли надвор од сопствената рамнотежа бидејќи вие сте многу смирена личност. Во секоја ситуација настојувате да ја видите позитивната страна. Благодарение на вашиот оптимизам речиси и да не постои негативна ситуација или токсична личност која може да се исфрли од колосек.
Ментално сте многу силни и постојано ги охрабрувате другите околу вас дека не е сè така црно. Сепак внимавајте, потребен ви е одмор одвреме-навреме со цел да ги наполните батериите бидејќи брзо и лесно може да се „потрошите“, а тоа сценарио воопшто не ви е потребно во животот, бидејќи не соодветствува со вашата весела природа.
Доколку прво го забележавте вселенското летало…
Вие постојано сте на работ на нервите и имате чувство дека работите лесно може да се срушат околу вас како кула од карти. Веројатно ве мачат здравствени проблеми и поради тоа тешко го поднесувате стресот.
Можно е да имате и проблеми со спиењето или имате ноќни мори, односно кошмари кои дополнително ви ја влошуваат стресната состојба. Проблемите ги потиснувате, ги чувате длабоко во себе, а доколку продолжите вака, состојбата може само дополнително да се влоши. Нема ништо страшно во тоа да побарате малку стручна помош со цел да си го олесните животот.
Доколку прво го забележавте лицето на вонземјанинот…
Речиси во секоја ситуација вие наоѓате некој проблем, недостаток, маана. Тоа воопшто не е добро за вас, имате навика да се возбудувате околу одредени работи или луѓе, а веднаш потоа брзо се разочарувате и енергијата ви опаѓа.
Треба едноставно да престанете да се трошите на глупави грижи и глупави луѓе. Мора да сфатите дека не мора да имате премногу пријатели, доволно се само неколку, макар се броеле на прстите од едната рака, но вредни.
Доколку прво ги забележавте малите човечиња кои паѓаат…
Вие имате изострено око за детали и најчесто ги забележувате ситниците на кои никој не им обрнува внимание. Тоа од една страна е добро, ве прави моќен набљудувач и ви дава одредена предност во некои животни ситуации. Од друга страна ве преморува, оставајќи ве навечер без сон.
Поминувате часови и часови во анализа на минатото или настаните коишто може да се случат во иднината. Крајно време е да престанете да ги правите и двете и да започнете да живеете во сегашноста, бидејќи само така ќе пронајдете внатрешен мир и среќа.
(О)Милена | Црнобело