Одберете камен и откријте што ви е потребно во животот во моментов
Рубин
Доколку го одбравте црвениот рубин тогаш ви е потребен стимул во животот кој ќе ви донесе нов бран на страст. Вашата енергија бара ревитализација, бидејќи премногу ја потрошивте на небитни нешта во изминатите месеци.
Рубинот ви помага да ја зголемите самодовербата и повторно да се почувствувате силни.
Овој камен ги покачува нивоата на внатрешна енергија и ги чува злобните луѓе подалеку од вас. Некогаш се верувало дека рубинот има способност да ја зголеми телесната температура, симболизирајќи ја жедта за живот.
Исто така, овој камен е одличен да го зачините вашиот сексуален живот исполнувајќи го со возбуда и страст.
Ахат
Потребно е да ја обновите врската со природата, но и со себеси. Се верува дека доколку се закопа ахат во земјата, местото повторно ќе стане магично. Токму ова ви е потребно – да ви се врати вербата во животот.
Во моментот имате сомнежи, па ви треба нешто да ве потсети дека светот е магичен и вие не сте ништо помалку.
Ахатот ќе ви помогне повторно да се свртите кон себеси. Дали вербата ви е скршена? Ќе ја вратите неа и храброста носејќи ахат.
Тиркиз
Доколку го одбравте синиот тиркиз веројатно подолг период сте се запуштиле, дозволувајќи си да бидете дел од стресни ситуации и токсични средини. Тиркизот е камен кој ја лекува скршената аура.
Тој воедно ќе ви даде нова сила и ќе го зголеми вашиот шарм.
Нема да останете незабележани. Многумина тврдат дека додека го носат тиркизот изгледаат и се чувствуваат поубаво, дека едноставно сјаат како однадвор така и одвнатре.
Месечев камен
Го одбравте месечевиот камен? Признајте дека нешто ве измачува подолг временски период и време е да го пуштите од себе и да го заборавите.
Месечевиот камен е еден вид на магичен мост кој нè поврзува со емоциите и ќе ни помогне да ги извадиме на површина сите чувства кои сме ги закопале длабоко во себе.
Тој помага и при несоница и ќе ви помогне повторно да се вљубите во себеси и да си ја вратите загубената самодоверба. Ќе ве направи поженствени и потрезвени за сопствените потреби и желби.
Опсидијан
Доколку одбравте опсидијан потребно е малку да се зауздате, односно да ја скротите енергијата. Бидејќи каменот е темен, најчесто црн, тој се поврзува со елементот земја, господарот на времето.
Потребно е да направите анализа на сопствениот живот и да решите како може да го направите подобар.
Дали поминавте низ тежок период и потребно ви е преиспитување и насочување на енергијата кон подобри, корисни нешта? Доколку одговорот е да, овој камен ќе ви помогне да останете трезвени и да си ја надополните изгубената енергија.
Аметист
Потребна ви е нова, магична енергија со цел да ја протресете правта која се насобрала врз вашите раменици. Долго време тапкате во место и никако да се придвижите нанапред.
Аметистот ќе ви помогне да останете трезвени и да сфатите што точно ви е битно. Тој ќе ја разбуди и вашата заспана имагинација и креативност.
Доколку имате чувство дека умот ви е заматен со лоши мисли или дека седите закотвени на едно место, аметистот ќе ви помогне да ја насочите интуицијата и да го отворите своето срце кон сè што е позитивно и убаво.
(О)Милена | Црнобело