Фото-тест: Која врата ве плаши најмногу?
Дрвена врата
Паметни сте и аналитички настроени. Ги гледате работите токму онакви какви што се. Личните вредности ви се најзначајни и очекувате и другите луѓе да се однесуваат така.
Околу себе кревате високи емоционални ѕидови кои прилично многу им го отежнуваат пристапот на другите луѓе до вас.
Сепак, светилката на ѕидот е како зрак надеж дека подготвени сте да ги срушите ѕидовите околу себе за неколкумина, вистински пријатели. Богатството по кое трагате е длабока емоционална поврзаност со некого на спиритуално ниво, не само на интелектуално.
Подрумска врата
Скалите кои водат до вратата на подрум, визба или подземна просторија индицираат дека сте личност со слободен дух која го живее својот живот до максимум.
Сликата симболизира страв од закопување, страв од смртта и непознатото.
Богатството по кое трагате е добро здравје, па токму затоа треба да јадете поквалитетно, да вежбате повеќе и да се грижите за себеси.
Иако понекогаш премногу ги мислите и анализирате работите, во принцип се сакате себеси и со сигурност ќе го пронајдете она по коешто трагате.
Пештера
Доколку ја одбравте снежната пештера, ова покажува дека веќе подолго време сте во потрага по емоционална блискост и топлина. Ве плашат чувствата на тага и разочарување, па затоа ви е најлесно да бидете сами со себе.
Ова означува дека сте во прилично добар период од животот и конечно сте сфатиле што сакате и што ве прави среќни.
Вие сте личност со сопствени вредности и уверувања, и особено ја цените независноста и слободата.
Она по коешто трагате е љубов, како романтична така и платонска.
Врата од колиба
Доколку оваа врата е вашиот најголем кошмар, тоа значи дека вие сте великодушна личност и секогаш ги ставате другите пред себе. Лојални сте и искрени, но не сите го ценат тоа.
Самата куќа е симбол на љубов и сигурност, а кога таа се распаѓа тоа е знак за банкрот. Вашиот страв од куќата означува дека она што го посакувате за себе е богатство. Но, знаете дека за да го добиете треба да работите навистина многу.
Не треба сепак да заборавите дека на луѓето коишто ве сакаат не им се потребни материјални подароци од ваша страна, туку грижа и поддршка.
Темен тунел
Потребно е да си ги преиспитате емоциите. Паметни сте и имате висока емоционална интелигенција. Но, потребно е умот да ви се разбистри, со цел полесно да ги разберете сопствените мисли.
Потребно е да престанете напразно да си ги анализирате проблемите до изнемоштување и да поработите на пронаоѓање решение. Она по коешто трагате е самодоверба и способност за решавање на проблемите која ќе ја стекнете дури откако ќе научите да си ги изразувате сопствените чувства.
Само запаметете дека на крајот од тунелот секогаш има светлина и нештата се многу појасни.
Врата окована со синџири
Продуктивни сте и скоро секогаш ги исполнувате целите кои сте ги зацртале. Креативни сте и способни да решавате проблеми, а истовремено сте и многу моќен и силен водач.
Понекогаш чувствувате дека стабилноста ви е загрозена, а доколку некој посегне по вашата независност умеете силно да се налутите и да ги елиминирате ваквите луѓе од животот.
Богатството по коешто трагате е удобност. Не треба целосно да сте сконцентрирани на работата, понекогаш треба да се опуштите и да започнете да уживате во ситниците и поедноставениот живот.
(О)Милена | Црнобело