Резервирани, емпатични или саркастични: Што кажува обликот на вашите уши за вас?
Ова е најчестата форма на уши кај луѓето, но карактеристиките на овие личности варираат многу и одат во екстремни крајности.
Вие сте топла личност со нежно срце, способна за емпатија. Не сте импулсивни и секогаш сте полни со разбирање.
Но, од друга страна, може да сте екстремно резервирана личност која делува според своите инстинкти и понекогаш знае да реагира бурно. Некои тоа ќе го проценат како ароганција, но вие само го живеете животот на начинот на кој сакате.
Вие сте релаксирана личност која мирно ги прифаќа работите. Ништо не сфаќате премногу сериозно и важни ви се хуморот и смеата во животот.
Сакате луѓе кои го гледаат животот на сличен начин и не ве преоптоваруваат со своите проблеми. Ги разбирате работите и со својата смисла за хумор си го олеснувате својот живот, но и животот на другите.
Понекогаш вашата интелигенција може да ве доведе и до ниво на сарказам.
Вие сте резервирана личност која неретко сака да ги задржи работите за себе. Тивки сте и не реагирате бурно и агресивно на работите. Секогаш внимавате на манирите.
Не сакате озборувања и кога зборувате тоа го правите со факти кои придонесуваат во дискусијата.
Вашите мисли и зборови се навистина значајни и не ги трошите на луѓе кои не ги ценат. Секогаш се држите до вашите ставови.
Вие сте остра личност која добро ги анализира и проценува работите. Забележувате детали и имате реакција за сè,
Вие гледате работи кои другите личности не ги забележуваат и сте вистински перфекционист.
Организирани сте и работите што ги правите се трудите да бидат направени на најдобриот можен начин.
Вие сте екстремно лојална и добра личност. Посветени сте и довербата ви е на прво место. Би сториле сè што е во ваша моќ за да им помогнете на другите.
Внимателни сте пред да почнете комплетно да верувате некому и најмногу мразите предавство.
Верувате дека сите луѓе се добри и давате втора шанса. Простувате, но не заборавате.
Вие сте креатори на светот, мислители и визионери. Не сакате тривијалности и секогаш ја гледате големата слика. Не постојат многу луѓе како вас.
Живеете во свој свет и сакате да размислувате и креирате во изолација.
Не дозволувате секој да влезе во вашиот свет. Потребно е некој навистина да е специјален и да ви значи за да ја кренете рампата. Но, кога ќе пуштите некого, тогаш му давате сè.
Вие се истакнувате од толпата. Поинакви сте, дури и чудни. Од километри се гледа дека би сториле работи кои другите не би можеле ниту да ги замислат.
Без да вложувате труд вие сте уникатни. Гледате и размислувате од друга перспектива и токму поради тоа ви е тешко да пронајдете некој со кој ќе бидете на иста фреквенција.
Разговорите ви одат тешко затоа што не секој може да ги разбере вашите мисли. Но, вие сте вистинската личност која со својата уникатност го прави светот поубаво место.
С. С. | Црнобело