Тест низ 4 прегратки: Каква љубов посакувате?

Парот A

Вие сте личност која не се заљубува на самиот почеток на врската. Сакате длабоко поврзување, но ако тоа не успее, секогаш може лесно да се откажете.

Дури и ако некој многу ви се допаѓа, избегнувате да покажувате емоции кога работите не се стабилни.

Иако делува рационално, ваквото однесување може да биде голема пречка во љубовната среќа.

Ви треба партнер кој пред сè ви е пријател.

test-niz-4-pregratki-kakva-ljubov-posakuvate-02.jpg

Парот B

Романтичен и интимен, овој тип на прегратка е избор на оние кои се склони на љубов на прв поглед. Лесно се заљубувате, сакате да почувствувате топлина и страст.

Многу се вложувате и сакате романтика како од најубавите љубовни филмови.

Внимавајте, од исклучителна важност е да стекнете реална слика за личноста пред да се заљубите. Сконцентрирајте се малку подлабоко, не само на изгледот и манирите.

Ви треба партнер кој ќе ве гледа како да сте центар на светот.

test-niz-4-pregratki-kakva-ljubov-posakuvate-03.jpg

Парот C

Оваа прегратка покажува дека тешко се поврзувате и не верувате многу и на секој. Тешко се отворате емоционално.

Секогаш сте резервирани и внимателни, што често ве обесхрабрува на почетокот од секоја врска. Заради тоа може да пропуштите добри шанси и луѓе.

Обидете се да се ослободите од скептичните мисли.

Ви треба партнер кој од ден на ден ќе ви покажува се поголема љубов и искреност.

test-niz-4-pregratki-kakva-ljubov-posakuvate-04.jpg

Парот D

Цврста прегратка, која ако ја одбравте, значи дека имате специфичен вкус и однос со партнерот.

Штом пронајдете некој кој ги исполнува вашите (инаку точни, прецизни, дури и ситничави) критериуми, ќе ја превртите земјата додека го освоите неговото срце.

Единствен недостаток ви е што често не ја гледате поголемата слика, во целост, па може да се разочарате.

Ви треба партнер кој постојано сака предизвици.

test-niz-4-pregratki-kakva-ljubov-posakuvate-05.jpg

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што гледате прво - рака или глава? Дали се сметате себеси за влијателна личност? Со што се истакнувате најмногу во ...
Тест на личноста: Дали сте лидер, тимски играч или добар работник? На илустрацијата има 6 мачки - изберете една што ви се допаѓа најмногу и дознајт...
Тест на личност: Тоа што ќе го видите прво, открива што ви е судено во животот Дали прво видовте линии или двајца луѓе со споени усни? Што открива ова за вас, ...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Психолошки тест: Какви сте во љубовните врски и односот со луѓето? Ако сакате да дознаете нешто повеќе за своите чувства, но и за врските со луѓето...
Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба Дали ви е најголема желба да сте среќни? Да имате љубов како од бајките? Или да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg