Тест на вашата личност: Што ќе направите во случај на пороен дожд?
Никој од нас не може се да испланира во животот. Постојано ни се случуваат ненадејни и непредвидени катастрофи, неочекувани изненадувања и итни случаи, но сите развиваме техники за справување со нив. Каква е вашата техника?
Постои серија на психолошки тестови кои низ сликовити примери може целосно да ја разоткријат вашата душа и карактер. Таков е случајот и со овој тест.
Новите и неочекувани работи не можеме да ги контролираме ниту пак да ги спречиме. Истите се доста стресни и влијаат на нас како личности за негативен начин на кој порано или подоцна учиме како да се справуваме со нив.
Одговорете на ова прашање и откријте како вие се справувате со стресот:
Шетате на улица и одеднаш започнува пороен дожд. Дури и да трчате што е можно побргу, повторно ќе ви бидат потребни најмалку 5 минути до местото каде што сте тргнале. Што најдобро ја опишува вашата реакција во тој момент?
1. Би побарал/а некоја стреа или дрво, би застанал/а под нив и би почекала да престане дождот.
2. Бидејќи не знам колку долго ќе трае дождот ќе продолжам во насоката во која сум тргнал/а и ќе гледам што е можно побрзо да трчам.
3. Би разгледал/а дали некој во близина има чадор и би го прашал/а дали сака да го сподели со мене или ќе појдам до најблиската продавница и ќе си купам.
4. Јас никогаш не излегувам без чадор во чантата.