Тест за размислување: Кој шешир ќе го одберете?
1. Бел шешир
Сконцентрирани сте на податоци, факти и расположливи информации. Личноста која ја одбира белата боја треба да заборави на предлозите, аргументите и сугестиите и да се сконцентрира на потребните информации и начинот на кој може да се дојде до истите.
2. Црвен шешир
Личности кои го одбираат црвениот шешир треба да се сконцентрираат на своите чувства и интуиции кога размислуваат на проблемот. Без многу размислување, кажете го вашето вистинско мислење.
3. Црн шешир
Ако одбравте црн шешир, внимателно размислувате за ризиците и можните негативни последици. Вие сте тие кои се борите против можните проблеми.
4. Жолт шешир
Вие сте оптимист кој размислува за најдобрите резултати и секогаш го гледа позитивното во ситуацијата. Не е интуитивен како црвениот шешир, туку својот оптимизам го темели на логичка основа.
5. Зелен шешир
Креативно размислува за можниот раст или развој, како и за идеите кои можат да се развијат со понатамошна работа. Секогаш го поставува прашањето: „Може ли ова да се направи на друг начин?”
6. Син шешир
Кога ќе видите сина боја, размислувате за небесното синило. Личностите со син шешир навлегуваат подлабоко во процесот на размислување и го контролираат секој состанок, сите делови од организацијата и секаде имаат удел.