10 прашања за психоанализа: Одговорите ви ја откриваат личноста
Во животот, секојдневно откривате нови нешта за себе. Затоа, овој тест ја имаа таа цел – подобро да се запознаете себеси. Кои се вашите стравови, пријатели, непријатели и каде се чувствувате најдобро? Откријте за помалку од 5 минути.
Штом ги прочитате прашањата, треба да одговарате брзо и добро да ги запаметите или да ги запишете одговорите.
Вклучете ја имагинацијата и започнете...
1. Не сте сами. Се движите низ шума. Кој оди покрај вас?
2. Наеднаш, здогледувате животно. Кое е тоа животно?
3. Каков е вашиот однос кон животното? Пријателски или непријателски?
4. Влегувате уште подлабоко во шумата. Доаѓате до чистинка на која се наоѓа вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.
5. Дали вашата куќа од соништата е обиколена со ограда?
6. Влегувате во куќата. Доаѓате до трпезаријата. Објаснете што гледате на масата и околу неа.
7. Излегувате од куќата од задната врата. На тревата во дворот наоѓате шолја. Од каков материјал е изработена?
8. Што ќе направите со шолјата?
9. Кога подобро го разгледавте дворот, здогледавте водена површина. Како изгледа водата? Дали е море, езеро или река?
10. Како ќе ја преминете водата?
Ова е тест кој ги открива вашите односи, вредности и идеали во животот.
Сите толкувања на вашите одговори, пронајдете ги на следната страна...