Одберете една сликичка и откријте: Која е вашата животна порака?

odberete-edna-slikicka-i-otkrijte-koja-e-vasata-zivotna-poraka-01.jpg

Слика 1

Полињата со трева се прекрасен пример за живот кој се движи по својот природен пат. Вие сте интелигентна личност која е родена под среќна ѕвезда. Уживате додека сте сами и сакате да размислувате за се што ви се случува во животот.

Порака: Животот може да биде позитивен и негативен, светол и темен, среќен и тажен. Дури кога тоа ќе го научите, ќе се збогатите со позитивен став. Научете дека давањето добрина може да ви го збогати животот.

Совет: Време е активно да поработите на своето емоционално заздравување. Не се плашете да се ослободите од нерешената болка. Дури кога вашите чувства ќе испливаат на површина, ќе се чувствувате спокојно.


Слика 2

Камените плочки по кои одите се ваша потпора. Вие сте личност на која и е потребна поддршка, затоа што лесно подлегнувате на надворешните влијанија.

Порака: Време е да ги совладате своите стравови. Без оглед на тоа од што се плашите, секогаш постои позитивен пристап кон работите. Престанете да гледате надолу и кренете ја главата. Длабоко во себе, вие сте силна личност, треба само да верувате во тоа. Најмоќното оружје кое го поседувате е вашиот ум.

Совет: Знајте дека и кога се чувствувате заглавени, заробени и збудени, работите постојано се менуваат. Не постои стоење во место.


Слика 3

Светла, музика, возбуда... Вие сте личност која сака да ја ослободи својата креативна страна. Сакате да бидете опкружени со многу луѓе, но исто така сакате и да бидете видени и чуени.

Порака: Важно е да се сетите дека природната средина е најдобар извор на креативност. Моментално треба да се сконцентрирате со повторно поврзување со природата и со самите себе. Создадете здрава рамнотежа во животот.

Совет: Најдобар начин да живеете креативно е да си дозволите да се изразите на сите можни начини. Не ги потиснувајте идеите. Ако сакате да пеете - викнете гласно. Ако сакате да танцувате, направете го тоа каде и да сте.


Слика 4

Мир и спокој. Едноставноста на облиците е она што ве привлекува. Вашиот ум и тело бараат да одвоите повеќе време за медитација и опуштање.

Порака: Време е да го послушате срцето и да ги следите неговите желби. Кога го слушате срцето, вашиот дух се зајакнува и станува поврзани со надворешниот свет кој инаку го обожавате. Користете ја интуицијата. Не се сомневајте во внатрешните пораки, тие најчесто се точни.

Совет: Ако не го слушате своето срце, сигурно ќе се движите во погрешен правец. Кај вас, разумот не секогаш е најпаметна варијанта.


Слика 5

Прекрасните есенски листови претставуваат нов почеток. Сите луѓе околу вас ги доживувате како листови кои ги менуваат боите, па се чувствувате богато, исполнето и задоволно.

Порака: Морате да одморите. Земете пауза од се што ви ја црпи енергијата. Оставете им по некој обврска и грижа на другите, барем на кратко. Сконцентрирајте се на она што сакате да го правите. За вас важна е рамнотежата, а чувството на заробеност е нездрав начин на живот.

Совет: Дозволете си да уживате во креативноста. Не се воздржувајте од ништо, мислејќи дека тоа не е за вас. Ако едно утро се разбудите со желба која сакате да ја остварите - направете го тоа. Нека ве води сопствениот дух.


Слика 6

Животот и енергијата во шумата се недопрени, има поголеми вибрации и е духовно позитивен. Вие сте душа на која и е потребно време за размислување, а потоа и делување.

Порака: Знајте дека сте сакани, дури и кога никој не ви го кажува тоа. Ако се чувствувате сами и неразбрани, не запаѓајте во депресија. Испратете љубов за да добиете љубов, тоа е најдоброто правило кое треба да го примените.

Совет: Кога делувате онака како што мислите дека е правилно, постигнувате големо задоволство. Затоа, почесто следете ги мислите и интуицијата, ако сакате да привлечете исти луѓе како вас.


Слика 7

Прекрасен ден за смирување во природа. Прекрасното сино небо не покажува загриженост за олуите во вашиот живот. Вие сте личност која се чувствува сигурно и ретко се откажува од вообичаената рутина.

Порака: Вие имате моќ на направите се, а се што треба да направите е да се обидете. Откријте ги своите чувства. Сакате љубов, здравје, богатство? Кога знаете што сакате, тоа и ќе го добиете.

Совет: Кога ќе ги поставите своите намери, испраќате порака барајќи тоа и да се оствари. Во овој случај, не потпаѓајте под туѓи влијанија.


Слика 8

Оваа слика е креативна, но и напната. Оваа сцена е одличен пример за личност со изразено его. Од време на време знаете да се почувствувате неодлучно и збунето, најчесто кога се соочувате со големи проблеми.

Порака: Бидете поотворени. Не е се црно или бело, нити би требало да биде. Морате да носите одлуки кои се темелат врз гледишта од секој агол. Тоа е единствен начин на кој ќе останете смирени.

Совет: Искрено помирете се со она што го цените и вреднувате во животот. Направете чекор и поврзете се со луѓето кои ги чувствувате блиски. Слушнете ги сите совети кои ќе ги добиете, но на крајот вие донесете ги конечните одлуки.


Слика 9

Совршените цветови симболизираат задоволство. Вие сте личност која ужива во среќата и мирот. Зафатени сте со секојдневни активности и сакате кога тие се уредно завршени. Често се преокупирани со задачи, па никогаш работите не течат спонтано.

Порака: Време е да му се препуштите на животот и да оставите патот да се отвори пред вас. не се грижете за тоа кој ќе биде следниот чекор. Кога се грижите, сами си создавате препреки.

Совет: Без оглед на тоа колку животот понекогаш е тежок, не се откажувајте. Најдобриот ден во животот може да се случи веќе утре, запаметете го тоа. Цветот мора да се пробие низ темнината на земјата, пред да се претвори во неверојатно прекрасна појава.



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Оптичка илузија: Првата работа што ќе ја видите открива какви сте во врските Дали прво видовте лик на жена или птици? Одговорот ќе ви открие какви сте во врс...
Тест кој открива каква личност сте и што ве прави анксиозни во врската: Што видовте прво? Кога би требало да се опишете самите себеси, дали би биле доволно искрени и дали...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg